Поранешниот сопруг на Бритни Спирс, Кевин Федерлајн, се појавил со сопругата Викторија откако се преселиле на Хаваи. Папараците снимиле интересни фотографии на кои се гледа како заљубениот пар уживал, а судејќи по нивниот изглед и размената на нежности, никогаш не биле посреќни.
Познато е дека Кевин имал проблеми со поранешната сопруга за која открил низа „валкани“ детали, додека таа го обвинила за финансиските придобивки кои наводно се обидувал да ги оствари преку неа.
Кевин дури и своите деца ги свртел против пејачката, по што таа паднала во депресија. Имено, нејзините синови изјавиле дека нивната мајка се дрогира, што многу влијаело на пејачката, бидејќи дури и тие ѝ го свртеле грбот. Кевин рекол дека Бритни се дрогирала, а во таква состојба била и пред децата, обвинувајќи ја дека е неподобна сопруга и мајка.
„Чесен суде, татко ми и сите други кои беа соучесници во контролирање на мојот живот, вклучително и менаџерскиот тим, треба да бидат во затвор“, изјавила Бритни на нејзиното судење пред неколку години.
Бритни често зборувала дека целото семејство правело заговор против неа и дека ја злоупотребиле нејзината психичка состојба, одземајќи ѝ ја контролата врз сопствениот живот и финансиите.
Пејачката се издигнала од лошата ситуација и се омажила за Сем Ашагари, за после 14 месеци да објави дека се разведуваат. Причината наводно е нејзиното неверство, пишуваат странските медиуми. Нивниот развод бил проследен со скандали, но и со интересни изјави.
Додека животот на пејачката се распаѓа, се чини дека нејзиниот поранешен сопруг, Кевин Федерлајн, никогаш не бил посреќен.
Кевин Федерлаjн работел како резервен танчар за Бритни Спирс, а во тоа време бил во брак со Шар Џексон, која во тоа време била бремена со нивното прво дете. Федерлајн и Спирс молчеле за нивната свршувачка, не давајќи јавна објава сè додека Џексон не го родила нивното второ дете, многу години подоцна.
Спирс на крајот се развела од Федерлајн по неколку години. Од тој брак имаат два сина.
.