Сите зборуваат за најпопуларната пејачка: Го гледала момчето фудбалер бушава и со пиво во рака, а милијардерот ѝ ги нудел своите играчи од неговиот НБА тим

Точка

02/10/2023

17:16

3.879

Големина на фонт

а а а

Американската пејачка Тејлор Свифт го привлекла вниманието на НФЛ мечот меѓу Канзас и Њујорк, а на крајот успеала да им донесе среќа на Чифс кои славеле со 23:20.

Причината за нејзиното доаѓање не била претераната љубов кон американскиот фудбал, туку врската со тајт-ендот Тревис Келче. Двајцата долго време криеле дека се заедно, но откако излегоа во јавност не престануваат да ги полнат страниците на жолтиот печат. Овојпат, една од најпопуларните пејачки на планетата дошла на мечот во друштво на актерката Блејк Лајвли, односно актерите Рајан Рејнолдс и Хју Џекман.

Ова не останало незабележано од фотографите, кои го следеле секој нејзин потег, па така била фотографирана како со пиво во раката навивала за „шефовите“ и како ги фали потезите на своето момче.

Поединци биле изненадени и тоа што не била претерано оптоварена со стајлингот, па на стадионот се појавила потполно „бушава“.

Сепак, тука не е крајот на приказната поврзана со оваа пејачка. Имено, како резултат на врската која предизвикува „потрес“ во САД, се огласил и Марк Кубан. Првиот човек на НБА франшизата „Далас Маверикс“, тврдел дека за неа постојат подобри опции. Очигледно се шегувал, но можеби и не …

„Тејлор, раскини со него. Имам неколку згодни слободни момци кои играат за Далас“, изјавил Кубан, а меѓу другите ѝ го „понудил“ Лука Дончиќ како лидер на овој тим.