Како течно сребро да и го милува телото: Чудесен фустан со 150.000 кристали кој ги воодушеви парижаните

Точка

02/10/2023

16:45

7.027

Големина на фонт

а а а

Кендал Џенер носела фустан изработен по мерка на кој рачно биле шиени стотици илјади кристали на Сваровски. Имено, со секој чекор таа како да ги хипнотизирала погледите на присутните.

Во подножјето на Ајфеловата кула, првата октомвриска вечер беше одбележана со едно од најголемите модни случувања кое се исчекуваше годинава.


На пистите на Модната недела во Париз прошетаа многу познати имиња и лица меѓу кои манекенки, актерки, пејачки. Денес најмногу се зборува за појавувањето на манекенката Кендал Џенер која на себе носела креација за која многумина прокоментирале дека е вистинско ремек-дело.


Кендал излегла на модната писта во тоалета на чиј дизајн се потпишува „Ludovik de Sent Sernin“, со модерен и воедно бајковит осврт на класичниот „слип фустан“.


Членката на семејството Кардашијан-Џенер се појавила во сребрено парче, со тенки прерамки, срцевиден пресек на деколте на припиениот фустан кој ја истакнал нејзината витка става. Како што е откриено на официјалниот профил на креаторот, фустанот на Кендал е рачно шиена во ателјето во Париз, а него го красат 150.000 Сваровски кристали.

Отсјајот на тоалетата прави да изгледа боженствено.