Неверојатната количина на промени е производ од политиката на „Meta“ која решила пред да го направи овој модел, за се да се консултира со своите корисници.
По неколку месеци одложување, „Meta“ конечно ги пушти во продажба новите паметни очила „Ray-Ban next generation“.
Новата колекција паметни очила од самиот старт ги воодушеви сите. Сите перформанси се значајно подобри, а нивната е посебно интересна – и натаму чинат околу 280 евра, што е цена помала од очекувањата (се очекувало да чинат 400 евра).
Што носи новата генерација очила?
„Meta“ овој пат и тоа како водела сметка за коментарите на корисниците, па водена од нив ги вовела и најголемите промени.
„Паметните очила „Ray-Ban Meta“ ве ослободуваат од ограничувањата на фотоапаратите кои се држат во рака. Ќе ви овозможат да правите фотографија или видео исечок од својата единствена точка на гледиште, ќе ви овозможат не само повторно да го проживеете моментот, туку и реално да живеете во моментот“, стои во описот на очилата.
Новата камера дава поквалитетни фотографии и 1080p видеозаписи во траење до 60 секунди. Едноставната гласовна наредба им овозможува на корисниците директно споделување на фотографии со пријателите и семејството.
Редизајнираното куќиште за полнење држи до осум дополнителни полнења, пружајќи вкупно 36 часа користење со задржување на елегантен, компактен дизајн.
Колекцијата ги содржи и добро познатите варијанти „Wayfarer“ и „Headliner“ во мат црна и сјајна црна боја, како и „Jeans“, Rebel Black“ и „Caramel“ боја.
Намалената тежина и потенкиот профил ги прават очилата поудобни за долго носење. Исто така, очилата се отпорни на вода.
Посебен новитет е дека корисниците сега можат преку очилата да пренесуваат се во живо директно на „Facebook“ или на „Instagram“.
Најголемата промена веројатно е тоа што во очилата е интегрирана и комуникација со вештачка интелигенција.