Селена Гомез привлече големо внимание последните неколку дена во Париз, а странските медиуми како и нејзините фанови пишуваат дека пејачката никогаш не изгледала подобро.
Селена одбрала неколку ефектни комбинации во кои се појавила во престолнината на модата.
Пејачката била видно расположена и насмеана, спремно им позирала на фотографите и се фотографирала со фановите.
Во Париз се дружела со своите пријатели Никола Пелц и Бруклин Бекам. Тројцата биле забележани заедно и на еден фудбалски натпревар, а подоцна вечерале во ресторанот „Manko“.
Истата вечер, Гомез се упатила во ноќен клуб, појавувајќи се во црн тесен фустан кој го надополнила со златна нараквица.
Оваа 31-годишна пејачка неодамна беше прогласена и за една од најдобро облечените дами на доделувањето на „MTV Video Music Awards“.