Овој тип на терапија го „ресетира“ имуниот систем и го спречува дополнително да го оштети нервниот систем. Целиот процес бара да се соберат матичните клетки од крвта на пациентот, а потоа да се замрзнат. По хемотерапијата, изменетите клетки се враќаат во телото на пациентот.
Во една статија објавена статија објавена оваа недела во магазинот „Journal of Neurology Neurosurgery & Psychiatry“, истражувачите во Шведска откриле дека третманот со матични клетки е погоден за форма на МС позната како мултипла склероза со релапс, пренело списанието „Healthline“.
Третманот би бил од корист за голем број пациенти
„Нашите наоди сугерираат дека овој третман би можел да биде од корист за повеќе пациенти со МС и треба да се вклучи како стандардна нега за високо активна МС. Оваа процедура се сметаше за високоризична во минатото, но нашите наоди го оспоруваат ова гледиште и заклучуваме дека процедурата може безбедно да ја изведат искусни лекари“, изјавил за „Healthline“ д-р Јоаким Бурман, член на Одделението за медицински науки на Универзитетот Упсала во Шведска и коавтор на истражувањето.
Студијата покажала дека нема докази за прогресија на болеста кај 73% од пациентите по пет години и 65% по 10 години. Од 149 пациенти кои имале некаков облик на инвалидитет на почетокот на периодот на набљудување, 54% покажале подобрување, 37% биле стабилни и само 9% покажале влошување на симптомите.
„Ова е навистина охрабрувачки, бидејќи оваа студија е прилично конзистентна со многу претходни студии, кои покажале дека терапијата со матични клетки може да биде корисна за некои луѓе кои живеат со МС“ изјавил за „Healthline“, Брус Бебо, извршен потпретседател за истражувања во „Националното здружение за МС“.
Ниско ниво на бели крвни зрнца како несакан ефект
Сепак, пациентите имале одредени негативни ефекти за време н периодот на набљудување. Најчести биле фебрилната неутропенија (низок број на бели крвни зрнца проследени со треска) што се јавува кај скоро 70% од пациентите и низок калиум или хипокалемија. На 5 пациенти им била потребна интензивна нега во рок од 100 дена од лекувањето.
Утврдено е дека несаканите настани може да се контролираат во традиционално здравствено опкружување.
„Оваа процедура се доживува како процедура со висок ризик, но како што покажавме може да се изведе прилично безбедно“, раскажал Бурман.
Целта на оваа терапија е да се „ресетира“ имунолошкиот систем и да се спречи дополнително да го оштети нервниот систем. Целиот процес бара крвните матични клетки да се соберат од крвта на пациентот, а потоа да се замрзнат.
Пациентот потоа се подложува на хемотерапија за да се потисне имунолошкиот систем. Во оваа имуносупресивна состојба, претходно собраните крвни клетки се менуваат и потоа повторно се внесуваат во телото.
Затоа, оваа процедура засега се препорачува само за одредени лица со рецидивно-ремитирачка мултипла склероза.