Во некои земји на Нетфликс се појави филм кој ги воодушеви и критичарите и публиката, што не се случува многу често во последните години.
Трилерот „Accused“ (Обвинети) ги натера гледачите да размислуваат за опасностите од социјалните мрежи. Приказната на филмот следи еден млад човек (Шанеил Кулар) кој е по грешка идентификуван на интернет како баран терорист кој активирал бомба во лондонското метро.
Филмот навидум остана незабележан на стриминг платформата и покрај импресивната и ретка оцена од 100 проценти на популарната страница за рецензии „Rotten Tomatoes“.
Сепак, обожавателите на филмот почнуваат да сфаќаат колку е одличен и ги користат социјалните мрежи за да ја рашират веста. Многумина пишуваат дека филмот е едноставно генијален и ја прикажува реалноста на современото општество каде доминираат социјалните медиуми, иако тоа може да биде страшно место.
„Филмот е 10/10. Толку е напнат и реален“, „Моќта на социјалните мрежи, омразата, расизмот и стереотипите можат да уништат животи“, „Дефинитивно вреди да се гледа“, „Покажува колку може да биде опасен интернетот“, „Сè уште чувствувам вознемиреност по гледањето, но препораки“, се само дел од коментарите на гледачите.
Напнатиот и возбудлив трилер го режираше Филип Барантини, кој е најпознат по играниот филм „Точка на вриење“ со Стивен Греам во главната улога.
„Помина долго време во изработка, но конечно сум возбуден што ќе го споделам ова со сите вас! Задолжително погледнете го“, напиша Шанеил Кулар.
Еден ден подоцна, тој ја објави веста дека филмот стигнал до првите 10 места на Нетфликс тој ден.