5 нешта поради кои Американците се љубоморни на Европејците: „Не сфаќате колку сте среќни“

Точка

30/09/2023

19:15

10.446

Големина на фонт

а а а

„Свежо печен леб по поволни цени кој може да се набави блиску до дома, а не е полн со конзерванси“, е една од работите што Европејците ја земаат „здраво за готово“, а во Америка е луксуз, откриле „Дејли меил“, кои истражувале кои работи се многу подобри кај нас, отколку „преку барата“.

Како би откриле кои работи ги фрустрираат Американците – и предизвикуваат љубомора кога ќе дојдат на стариот континент, популарниот интернет портал ги „расчешлал“ форумите и социјалните мрежи.

Храна

Купувањето намирници, близината на продавниците, но и нивниот квалитет, се посебно поглавје кое за Европејците е секојдневие, додека Американците им завидуваат. „Во Америка луксуз е храната која нема тон вештачки адитиви и непрехранбени состојки кои предизвикуваат болести“, кажал еден член на форумот, додека друг тврдел:


„Никогаш не сфатив дека храната што ја јадев ми предизвикува стомачни проблеми, сè додека не отидов на одмор во Европа и за еден ден немав никакви проблеми. Проблемите се вратија еден ден откако се вратив од моето патување. Европејците имаат одлична храна, дури и брзата храна – затоа што ја прават од вистински прехранбени состојки. Зошто ние тоа не го можеме?“

„Храната не е полна со гликозен-фруктозен сируп, па не мора постојано да ги проверувате декларациите“, се надоврзал американскиот форумџија.

Сообраќај

Многу од коментарите на Американците се однесувале на патувањето и превозот, и сите биле согласни дека на Западот е полошо.

„Можноста да патувате во други земји без многу пари е голем плус. Од Париз, Франција и Полска (Варшава) е иста оддалеченоста како од едната до другата страна на Тексас“, стоело во еден коментар кој истакнал дека скапиот превоз е огромна препрека – и додал дека Европејците нe го разбираат тоа кога се потсмеваат и им кажуваат на Американците дека треба повеќе да патуваат.


„Американците можат да патуваат речиси 3.000 милји, а сепак да бидат во САД (2.906,2 милји од Сан Франциско до Њујорк). Тоа не е евтино. Патувањето е скапо“.

„Кога ќе одлучам да пешачам, шансите да има тротоари мојата рута се 50/50. И доколку имам продавница во непосредна близина, би морал да пешачам по фреквентен пат само за да стигнам до неа. Кога и да сум бил во некој европски/канадски/јапонски град, во автомобил влегував единствено кога одев кон или од аеродромот. И само доколку доцнев поради одредена причина.“, се пожалил жител на Атланта“.

Здравствениот систем

Најмногу критики во Америка се упатени токму на сметка на здравството, како и на породилното отсуство.

„Познавам личност која работи 50+ часови неделно, заработува само толку колку да издржува дете со посебни потреби, а не може да си дозволи лекување на хепатитис Ц од кој боледува, бидејќи лекувањето чини повеќе од платата која ја зема за 18 месеци работа“, коментирал извесен Американец на „Редит“.


„Моите лекови чинат околу 30 евра месечно, според Гугл, во САД би чинеле околу 550 долари“, се надоврзал Европјанин.

Цените во продавниците

„Ознаките со цените се различни во Америка. Во европските продавници, цената што ја гледате на етикетата е истата што ја плаќате на касата. Во Америка, треба да додадете данок на таа цена. Купувањето е многу полесно во Европа, особено кога немате пари. Освен тоа „скриените“ трошоци во Америка често ги изненадуваат Европејците поради различниот систем за бакшиш“, коментирал член на форумот.


Бакшиш

Според истражувањето на американската финансиска компанија „Bankrate“, дури 30% од Американците велат дека бакшишот во САД е „надвор од контрола“. Дури и касиерите за самопослугите од неодамна барале бакшиши.

„Во американските ресторани се очекува стандарден бакшиш од 15 долари, но 18-25% од вкупната сметка е непишано правило. Износот на бакшишот се пресметува пред да се додаде данок во износот. Така на пример, ако ручекот чинел 35 долари, оставате 7 долари“, бил еден од коментарите за тоа како бакшишот во Америка е многу поголем отколку во Европа.


Вообичаено, бакшишот помал од 15% се смета за лош бакшиш. Во скапите ресторани, на пример оние со Мишелин ѕвезда, келнерот очекува бакшиш од 20 до 30%, а бакшиш се остава и на сомелиерот, доколку ги послужува гостите на масата.

За поголеми групи гости, (обично 8+), многу ресторани во Америка автоматски го пресметуваат бакшишот – и тоа 21%, што може да се види на сметката.

Сè на сè, Европејците со што да бидат задоволни кога се споредуваат со „новиот свет“.