Лажен инвалид примал пензија 50 години: Лажел дека е слеп, од државата добил еден милион евра

Точка

15/10/2025

20:16

1.041

Големина на фонт

а а а

Маж од италијанскиот град Виченца, кој повеќе од 50 години примал инвалидска пензија и во тој период добил милион евра од државата, е обвинет за измама откако било утврдено дека лажел дека е слеп, пренесоа италијанските медиуми.

Седумдесетгодишниот маж примал инвалидска пензија од 1972 година, пренесе ТВ Раи.

Финансиската полиција го следела повеќе од два месеци и го снимила како работи во градината, самостојно користејќи опасни алатки како што се градинарски ножици и тример за жива ограда.


Лажниот инвалид подоцна бил снимен како пазарува во маркет, каде што внимателно избирал овошје и зеленчук и ја плаќал стоката во готово, пренесе Раи.

По истрагата, финансиската полиција ги известила надлежните служби веднаш да ја суспендираат исплатата на инвалидската пензија и сите други социјални бенефиции на осомничениот.

Потоа, регионалното обвинителство во Венето поднесе обвинение против лажниот инвалид, обвинувајќи го за измама.