Знаете кога некој ќе рече: „Немам волшебно стапче, па да ти го решам проблемот“? Кога станува збор за разубавување, промена на ликот и – буквално – на личниот опис, естетските хирурзи во Турција навистина имаат „волшебни“ скалпели и препарати, бидејќи нивните трансформации нè воодушевуваат одново со секоја нова објава на социјалните мрежи.
Резултатите од бројните интервенции на еден средовечен маж по име Мустафа се доказ за ова тврдење.
Еден од највпечатливите примери за естетска трансформација последниве месеци несомнено е токму споменатиот Мустафа, кој благодарение на серија внимателно одбрани естетски зафати доживеал вистинска физичка „ренесанса“. Неговата промена предизвика лавина реакции на интернет, при што многумина се согласија дека од обичен човек се претворил во ѕвезда од црвениот тепих.
И, ќе признаете, наликува малку и на актерите од познатите турски серии? Без проблем би можел да добие улога на шармантен заводник. А со оглед на тоа што во неговиот случај е применет т.н. „Celebrity Look“ – концепт дизајниран да му даде на лицето хармонија, дефиниција и младешки изглед каков што негуваат најголемите ѕвезди – нема сомнеж дека Мустафа има сериозни можности кога станува збор за нова кариера.
Комплексна трансформација
Оваа промена не е резултат на еден зафат, туку на внимателно испланирана серија естетски операции и третмани кои заедно дале неверојатен ефект.
Експертите најпрво го коригирале носот (ринопластика), со што се постигнала подобра пропорција и попрефинет изглед на лицето. Потоа е извршена горна и долна блефаропластика, со која се отстранети подочниците и вишокот кожа од очните капаци – детаљ што моментално „брише“ и до десет години од лицето.
Со отстранување на маснотијата од образите, т.н. buccal fat removal (или „бишектомија“), Мустафа добил поизразени јаболкници и повитко лице. Потоа е извршено и контурирање на вилицата во V-форма, што дополнително ги нагласува машките црти и ја дефинира долната вилица.
Средниот дел од лицето е подигнат со mid face lift, додека со платизмопластика (затегнување на врат) е елиминиран вишокот кожа и опуштеност во пределот на брадата и вратот.
Кожа како фотошопирана
За да се добие беспрекорна текстура на кожата, е извршен ласерски третман со јаглерод диоксид во комбинација со подмладување со матични клетки. Оваа комбинација ја стимулира регенерацијата на ткивото и продукцијата на колаген, па кожата станува видливо помазна, затегната и посвежа.
За крај, извршен е и лифтинг на челото, со што се ублажени брчките, а веѓите благо подигнати, поради што лицето сега изгледа поотворено и поодморено.
Резултатот од сето ова е урамнотежено, помладо и посиметрично лице, а промените, како што истакнуваат естетските експерти, се направени со мера – без претерување и со задржување на природниот израз.
Не е ни чудо што во бројните коментари доби епитет „светска ѕвезда“, бидејќи со новиот, подмладен и помажествен изглед навистина изгледа така.
„Неверојатно! Како некој да го вратил времето наназад десет години“, „Изгледа совршено – модерно, но природно!“, „Ова е толку добро, што изгледа нереално“, се само дел од коментарите во однос на оваа фасцинантна трансформација.