„И јас би те депортирал, не ти е ова Србија!“: Србинка во Германија направила нешто што сите го правиме на Балканот, па добила казна – „Не знам веќе што смеам“

Точка

15/10/2025

15:40

2.414

Големина на фонт

а а а

Навикнувањето на животот во туѓа земја никогаш не е лесно – особено кога правилата се драстично поразлични од оние на кои сме навикнати дома. Тоа најдобро го знаат нашите луѓе кои живеат во Германија, каде секојдневно се соочуваат со строги прописи кои неретко делуваат – претерано.

На популарната Фејсбук-страница „Балканци во Германија“, се огласи жена од Балканот која го сподели своето искуство – кое, како што вели, ја чинело 50 евра – за нешто што на Балканот е сосема нормално: сушење алишта на тераса.

„Казна затоа што сушев алишта на балкон“ , напишала таа, па додала:

„Луѓе мои, веќе не знам дали смеам да правам било што во оваа земја! Сушев долна облека на балкон, сончев ден, сè мириса… Кога одеднаш, сосетката од горе ми вика дека 'ѝ било грдо да гледа надолу'. Се насмеав, мислев дека се шегува… После три дена – писмо: 'Непочитување на куќниот ред, казна 50 евра и опомена'.

Kazna jer sam sušila veš na balkonu


Ljudi moji, ja više ne znam smijem li išta radit’ u ovoj zemlji! Sušila veš na...

Posted by Balkanci u Njemačkoj on Tuesday, October 14, 2025

Велат дека во зградата не е дозволено долната облека да се гледа надвор. А каде да сушам – во фрижидер? Сега секојпат кога перам, се молам да нема ветер, да не однесе некоја чорапа кај неа на тераса. Имал ли уште некој вакво искуство? Или само јас сум во Германија 'криминалец за гаќи'?“, напиша таа.

„Па не ти е ова Србија!“

Под објавата се појавија бројни коментари – некои ја поддржале, но имало и такви кои ја обвиниле дека сама си е виновна, бидејќи „правилата мора да се почитуваат“. Некои биле особено остри:

„И јас би те депортирал… Долна облека да се суши на тераса? Па не ти е ова Србија“, „Замисли како би изгледале зградите ако секој закачува што сака на балкон и го бојадисува како му текне“, „Си можела и ракија да печеш на балкон, а не само гаќи да сушиш“, „Сè ви пишува во куќниот ред во зградата, треба само да се прочита“...


„Добредојде во Германија“

Но, имало и такви кои ја поддржале и се обиделе да внесат малку хумор во ситуацијата:

„Добредојде во Германија – земја каде долната облека на балкон е поголем проблем од бушење ѕид во недела!“, „Ние во наше село можеме и јагне да свртиме ако сакаме. Никој не нѝ гледа ниту во долната облека, ниту во автомобилот, ни на балкон, газдата „го боли уво“ исто така. Да живее селото, каде и да е“, пишувале другите.