(Видео) Првпат ставила филери и презадоволна е: Тијана Дапчевиќ покажала како изгледа после „боцкањето“

Точка

30/09/2023

18:28

13.677

Големина на фонт

а а а

Познатата пејачка Тијана Дапчевиќ толку многу била воодушевена од резултатот што се чудела зошто порано не се осмелила да го направи овој чекор.

Тијана Дапчевиќ спаѓа во редот на најубавите дами на јавната сцена и позната е како многу негувана жена, благодарение на што го сочувала својот младолик изглед.

Таа е многу посветена на негата на лице, па редовно оди на третмани и особено ја употребува мезотерапијата, а сега покажала како лицето реагира после таквите третмани.

Меѓутоа, на следбениците на Инстаграм Тијана им открила уште нешто, дека првпат ги освежила своите усни со хијалуронски филери.


Тијана во првото видео кое го објавила им покажала на обожавателите како ѝ нанесуваат крема со анестетичко дејство, а потоа во кожата ѝ ставаат коктел мезотерапија која делува така што долготрајно ја хидрира кожата и има многу антиоксидантско дејство.

„Имам потреба на широкиот аудиториум и гледачите да им објаснам зошто толку сум црвена“, рекла пејачката и објаснила дека нејзината кожа е многу чувствителна и поради тоа ѝ се појавило црвенило кое е само реакција која исчезнува за еден час.


Потоа пејачката усните ги надополнила со хијалуронски филери, откако нејзината докторка долго време ја убедувала да го освежи својот изглед на тој начин. Таа ја убедувала дека ќе изгледа природно, а Тијана дури сега се препуштила на тој процес, а очигледно е задоволна од истиот.

„Па, ваква уста имав пред 20 години“, била воодушевена Тијана која истакнала дека се чуди што порано не ја донела таа одлука.