Ја третира како кралица: Милош Биковиќ и неговата избраничка се подготвуваат за принова, а еве во кој месец од бременоста е убавата Ивана

Точка

27/09/2023

15:44

4.669

Големина на фонт

а а а

Милош Биковиќ и неговата избраничка Ивана Малиќ ќе станат родители кон средината на ноември.

Како што дознава српскиот Курир од извор близок до парот, Ивана моментално се наоѓа во седмиот месец од бременоста, а таа и актерот ги извршуваат последните подготовки за еден од најважните денови во нивните животи.


Инаку, Милош и убавата правничка наскоро ќе го кажат судбоносното „да“ во кругот на семејството и пријателите, а засега идните сопружници ги држат деталите во строга тајност.

Откако дознал дека ќе стане татко, Биковиќ решил максимално да ѝ се посвети на таа улога. Со идната сопруга го опремуваат животниот простор, а Милош ѝ помага на Ивана на што подобар и полесен начин да ја поднесе бременоста. Според зборовите на неговите пријатели, тој ја третира како кралица, ѝ ги исполнува сите желби и се труди да биде упатен во секој детаљ од нејзината бременост.


За потсетување, српскиот актер се огласи по повод веста дека станува татко, и по пат на Инстаграм, помеѓу останатото, им се заблагодари на сите на честитките.

„Среќни сме што наскоро ќе станеме родители. Ова е важен, веројатно најважниот момент во нашите животи. Не сакавме да го откриваме засега, но папараците нè доведоа во ситуација во која немаме избор“, напиша Биковиќ на Инстаграм.



Спонзорирани линкови

Маркетинг