Таинствените, т.н „голи“ парчиња земја кои во облик на круг се појавуваат во подрачјата на Намибија и Австралија се далеку пораширени од тоа што досега се знаело.
Познати се како „вилински кругови“, а новата глобална проценка изброила 263 места на кои тие „ќелави“ точки може да се пронајдат – распоредени се на три континенти и во 15 земји, вклучувајќи ги Сахел, Мадагаскар и Средна западна Азија. Овие нови информации би можеле да им помогнат на научниците да откријат што ги предизвикува, прашање на кое се покажало дека е изненадувачки тешко да се одговори.
„Направивме глобална и системска проценка на вегатициските примероци налик на овој круг и откривме стотина локации на три континенти“, пишува тимот предводен од еколошкиот научник Емилио Гуаирад од Универзитетот Аликанте во Шпанија.
„Нашето истражување пружа увид во екологијата и биогеографијата на овие фасцинантни примероци и прв атлас на нивната глобална дистрибуција“.
Вилинските кругови се вистинска еколошка мистерија. Се појавуваа во пустински предели како кружни, неплодни плочници во ниска тревна вегетација која инаку го прекрива земјиштето – подрачје на сува, гола земја, до околу 12 метри во дијаметар и речиси секогаш се просторно одвоени – не се допираат или преклопуваат.
Сè уште не знаеме што ги предизвикува. Некои сугерираат дека ситни инсекти би можеле да играат улога, а постои и идеја дека круговите и помагаат на вегетацијата да ги максимизира водените ресурси. Но, некои кругови имаат различни карактеристики, што ги компликува работите. Некое време се разгледувала и идејата дека други билни видови би можеле зад себе да оставаа токсини, но таа идеја била отфрлена во 2021-ва.
Дел од проблемот е тоа што овие кругови се наоѓаат во делови на светот кои се крајно негостопримливи и до кои е тешко да се дојде.
Сепак, последните истражувања би можеле да помогнат да се добијат одговори на прашањето што ги предизвикува. Тоа е затоа што успеале да се идентификуваат специфични карактеристики заеднички за сите места на кои може да се пронајдат вилинските кругови. Тоа вклучува многу суво и пустинско окружување, високи температури и висока сезоналност на врнежите.