Почна: Кинеските автомобили бележат драстичен раст на продажбата во Европа

Точка

26/09/2023

19:37

11.311

Големина на фонт

а а а

„MG“ и „BYD“ предводат во офанзивата на кинеските произведувачи кои тешко дека ќе ги сопрат и најавените нови даноци.

Кинеските новитети изгледаат одлично, а технолошки воопшто не заостануваат за европската конкуренција. Напротив, често нудат и повеќе од реномираните ривали. А ако на тоа ги додадете барем 20-те проценти пониска цена, јасно е дека на традиционалните произведувачи не им се пишува добро.

Ако ги погледнеме официјалните резултати, броевите јасно укажуваат на присуството на кинеските произведувачи. На пример, кинескиот „BYD“ како еден од најголемите произведувачи на електрични возила во август минатата година продал само 186 автомобили. Една година подоцна месечната продажба се искачила на 2.685 примероци, а неговиот модел „Atto 3“ се продава подобро од BMW 5 или „Mercedes“ Е класа.


Продажните резултати по марки и модели можете да ги видите ТУКА.

„MG“ од понудата на „SAIC“ со актуелната продажба влегол многу високо на листата на најпродавани. Продажбата од минатогодишните 5.338 примероци во август скокнала на 14.411 примероци, а само оваа година во Европа продал 132.785 примероци. На пример, „MG4“ е меѓу 40-те најпродавани модели во Европа, а „MG“ имал подобра продажба од „Volvo“, „Suziki“ и „Mini“.


Огромен раст бележи и „Smart“ со 3.715 продадени автомобили во август, додека „Geely“ може да биде задоволен со „Lotus“, но и моделите „Polestar“ и „Lynka“.

Фер е да се каже дека не бележат раст само кинеските марки. Плус бележи и „Tesla“, но и „Jeep“, „Cupra“, „Renault“, па и луксузниот „Lexus“.