Се почести се случаите во кои роботакси возила го блокираат одвивањето на сообраќајот.
На тапет повторно е „Cruise“, и тоа неговата постава од Остин во Тексас. На социјалните мрежи се шират снимки од роботакси возила насобрани на улица каде го блокираат одвивањето на сообраќајот. Самостојните возила стојат во колона, неколку од нив се застанати во спротивна насока, а дел од нив ги имаат пуштено сите четири трепкачи.
Ова не е прв случај возилата на „Cruise“ да предизвикаат дистописки застој. Минатиот месец десетина роботаксија го блокирале сообраќајот во Сан Франциско, а истото се случило и минатиот јули. Застојот се обиделе да го средат вработените во „Cruise“, но очигледно не многу успешно.
more angles lol you can see how much farther up the street this was backed up pic.twitter.com/lo7e8Mmmcv
— Nico? (@pradnico) September 18, 2023
Како што дознава „The Drive“, портпаролот како можна причина за застојот го наведува густиот сообраќај на пешаци и возила на кои очигледно системот на управување на возилата на „Cruise“ не им е дораснат.
„Сообраќајот од пешаци и возила на улиците беше густ“, рекол портпаролот. „Нашите автомобили се дизајнирани пред сè да дадат предност на безбедноста, а тоа вклучува и внимание во близина на пешаци. „Cruise“ континуирано ја надгледува својата флота, а на метежи сме предупредени во недела наутро. Се извинуваме за сите проблеми“.
Во секој случај, има се повеќе граѓани кои се незадоволни од роботакси возилата и не ги прифаќаат оправдувањата од „Cruise“.
@realhousewivesofatx this is getting our of hand
♬ original sound - Real Housewives of Austin