Вакво одело можеби никогаш не сте виделе: Смел стајлинг на Деми Мур со којшто го хипнотизираше Милано

Точка

25/09/2023

14:23

5.985

Големина на фонт

а а а

Необичното модно издание кое без сомнеж бара многу модна смелост, било избор на славната Деми Mур за еден од најважните модни настани годинава.

Американската актерка Деми Мур е една од најпознатите дами кои изминативе денови ужива во Модната недела во Милано каде била меѓу најзабележаните благодарение на својот стил.

Таа прво го привлекла вниманието кога на ревијата на модната куќа „Фенди“ се појавила во друштво на познатата манекенка Амбер Валете, а уште поефектен бил стајлингот којшто Деми Мур го избрала за претставувањето на новата колекција на брендот „Версаче“.

Нa ревијата за која најмногу се зборувало поради фактот што ја затворила славната Клаудија Шифер, Деми седела во првиот ред и го следела шоуто во друштво на дизајнерот Ким Џоунс, креативен директор на „Фенди“.


Актерката постојано го галела своето милениче со име Пилав, а изгледала неверојатно и многу моќно во оделото кое го носела.

Деми носела тесно, струкирано сако, а под него не носела ништо, станува збор за шик модел украсен со светки и златни тонови.

Долниот дел од нејзиниот аутфит бил вистински спектакл, актерката се појавила во светкави панталони кои биле покриени со реси и „дишеле“ во духот на 70-тите.


Многу прикладно, Деми Мур комбинезонот го искомбинирала со сребрени сандали на висока потпетица.

Класично, а необично, елегантно, а толку забавно – Деми Мур едноставно сјае!