Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус одлично се забавува во Саудиска Арабија.
Саудиска Арабија стана мека за фудбалерите од Европа, кои освен астрономските договори и феноменалните услови добиваат и можност со анимирање на навивачите да заработат дополнителни пари.
Според некои најдобриот фудбалер на сите времиња Кристијано Роналдо, беше меѓу првите кои од Европа се преселија на Блискиот исток. Португалецот во потпишаниот договор има многу точки преку кои мора да ги промовира арапските вредности.
Во меѓувреме на социјалните мрежи се појави снимка од капитенот на португалската репрезентација, на која се гледа како Кристијано танцува покрај знамето на Саудиска Арабија.
Причината за снимањето на ова видео е тоа што оваа азиска држава на 23-ти септември одбележува годишнина од кога со кралски декрет Кралствата Неџид и Хејаз се преименувани во Кралство на Саудиска Арабија.
Инаку, Ал Наср со победа го започна овогодишното издание на азиската Лига на шампиони, откако како гостин во Иран го совлада Персеполис со резултат од 2-0. Сепак, Роналдо на споменатиот натпревар не успеа да ја затресе мрежата.