Кошаркарите на Минесота Тимбервулвс издвојуваа победа над Голден Стејт Вориорс од 117:93 во вториот натпревар од полуфиналната серија во западната конференција во НБА лигата.
Домаќините го искористија отсуството на најдобриот играч на гостите Стеф Кари, го надиграа противникот и заслужено израмнија на 1-1 во оваа битка. „Волците“ наметнаа свое темпо уште од првата четвртина која ја добија со 29:15, водство кое го зголемија до паузата (56:39) по што стана јасно дека Голден Стејт Вориорс ќе има исклучително тешка задача на дојде до позитивен резултат.
Минесота ги доби и двете четвртини во второто полувреме и со самодоверба ќе отпатува во Сан Франциско каде ќе се играт следните натпревари.
Рендл беше прво име со дабл-дабл учинок од 24 поени, 11 асистенции, плус 7 скока, Едвард и Александер-Вокер реализираа по 20 кошеви. Најсветла точка кај поразените беше резервистот Куминга со 18 поени.