Чави е подготвен да се врати на големата сцена: Сакам проект…

Дерби

09/05/2025

12:15

245

Големина на фонт

а а а

Чави Ернандес веќе една година нема ангажман или поточно откако (не)очекувано ја заврши соработката со Барселона на крајот на минатата сезона.

Легендата на каталонците се одлучи да направи пауза, да не прифати понуда по секоја цена, меѓутоа сега е подготвен одново да се врати на големата сцена и тоа со проект кој ќе му гарантира присуство во некоја средина, тим од неколку години.

- Нема брзање за мене, но би сакал добар проект. Како на пример, Имаш четири години да работиш и да направиш проект. Би сакал да работам во Премиер лигата затоа што ја сакам страста таму. Во Шпанија, премногу се работи за резултатот.

- Погледнете што се случи со Анчелоти (во Реал Мадрид) и луѓето што го критикуваат. Не е фер. Тој освои 30 трофеи за 10 години, а е критикуван како да не освоил ништо. Валверде кажа една совршена работа: „Ако Анчелоти е критикуван, каква надеж има за нас останатите?, - вели Чави кој призна дека страдал како тренер на Барселона.

- Подготвен сум повторно да страдам, но не мислам дека ќе страдам повеќе отколку што страдав во Барса. Беше премногу емотивно за мене бидејќи и јас бев навивач. За Ханси е различно. Тој не зборува шпански; не е навивач на Барселона. Му реков: „Не следи ништо во медиумите или ќе полудиш. Само концентрирај се на тимот, бидејќи ако си од тука, многу страдаш, - истакна Ернандес.