Шпанската кралица Летиција изгледала заносно во црн фустан со потпис на „The 2nd Skin“.
Црниот гламурозен фустан со предимензиониран долен дел, кралицата го носела на премиерата на претставата „Medea“ на Луиџи Черубини, со што е отворена новата театарска сезона во мадрискиот Кралски театар.
Прекрасната Летиција од глава до пети ги потсетила сите на дивите на златното доба на Холивуд, особено на актерката Одри Хепберн кој носеше речиси ист модел на фустан во филмот „Sabrina“.
Креацијата, Летиција ја искомбинирала со чевли „Manolo Blahnik“, црн ремен и црна чанта на модниот бренд „Bottega Veneta“. Косата ја стилизирала во нежни локни, а за шминката одбрала бронзена сенка за очи, беж кармин и нежно руменило.
Но, ова не е првпат шпанската кралица да го носи овој фустан - таа го носеше и во ноември 2021 година на доделувањето на наградите „Princess of Asturias“ во Овиедо. Истиот фустан го носеше и минатото лето кога беше домаќин на раскошна вечера за светските лидери кои учествуваа на самитот на НАТО во Мадрид.