Нема веќе бесплатен „Twitter“? Маск вели дека сите ќе мора да платат за да ја користат оваа социјална мрежа

Точка

19/09/2023

12:24

8.635

Големина на фонт

а а а

Маск тврди дека тоа е единствен начин да се спречат ботовите кои шират говор на омраза.

Илон Маск, сопственик на социјалната мрежа „X“, која претходно беше позната како „Twitter“, во понеделникот изјави дека сите корисници во иднина ќе мора да плаќаат месечна претплата за користење на платформата. Најавата уследува во текот на разговорот со израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху.

„Единствен начин што можам да го смислам за сузбивање на големиот број на ботови е воведување на мал месечен надомест за користење на „X"“, рекол Маск. Додал дека воведувањето на претплатата ќе го отежне креирањето на бот профили бидејќи секој бот ќе мора да се регистрира со кредитна картичка.


Ова е посебно значајно бидејќи компанијата има проблеми со огласувачите. Според зборовите на Маск, приходот од огласувањето на американскиот пазар паднал за 60 проценти. Тој за падот на приходите ги обвинил организациите за граѓански права и потрошувачките групи кои вршат притисок на големите брендови.

Најавата доаѓа откако „X“ веќе го имплементирал моделот за претплата под име „Premium X“, кој е преименуван од претходниот „Twitter Blue“. Податоците покажуваат дека прифаќањето на овој модел било бавно. Според некои проценки, само меѓу 640.000 и 680.000 луѓе се преплатиле на „Twitter Blue“ до крајот на април оваа година.


Иако предизвикал многу полемики, Маск е познат по тоа што често најавува нови производи или иновации, а подоцна го менува курсот.

Во поширок контекст, мал е бројот на социјални мрежи кои се потпираат исклучиво на претплатничкиот модел, иако се повеќе од нив експериментираат со претплатнички производи поради слабиот пазар за огласув