Прекрасната девојка и икона на југословенскиот рок, уништена од дрогата: Починала како бездомник, но и денес сите ја паметат

Точка

18/09/2023

21:23

9.965

Големина на фонт

а а а

На денешен ден, 2002 година починала музичарката Маргита Маги Стефановиќ, најпозната како клавијатурист на белградската рок група „Екатерина Велика“.

Според многумина, првата и последната рок-хероина од територијата на поранешната држава и икона на југословенскиот рок во 80-тите, борбата ја загубила на 43-годишна возраст.


Родена била како единица, а татко ѝ бил театарскиот и ТВ режисер Славољуб Стефановиќ-Раваши.

Завршила музичко училиште и била една од најталентираните пијанистки на овие простори. Ѝ било понудено образованието да го продолжи на Московскиот конзерваториум, но таа одбила и се запишала (а подоцна и дипломирала) на архитектура.

Се зборува дека со својата убавина и харизма привлекувала внимание каде и да се појавела.


Средбата со Младеновиќ ѝ го променила животот

Нејзиниот живот и иднина се промениле кога го запознала Милан Младеновиќ во 1982 година во Белград. Маги го воодушевила Милан со својата појава и талент, па тој веднаш ѝ понудил место во бендот, кој прво се викал „Катарина II“, а потоа и „Екатерина Велика“.

Со својот талент ја освоила тогашната сцена, а поради карактеристичниот изглед и исклучителниот талент ја нарекувале и црната принцеза.

Во ЕКВ свирела и создавала до 1994 година, односно до смртта на Милан Младеновиќ и распадот на бендот. И после тоа продолжила да се занимава со музика, но нејзината зависност од дрога ескалирала откако починал нејзиниот татко.

Станала бездомник и починала сосема сама

Нејзиното заминување било трагично – завршила напуштена и заборавена. И покрај нејзиниот професионален успех, Маги со години се борела со зависноста. Го продала семејниот стан и купила два помали во предградието на Белград, а остатокот од парите ги искористила за патување во Индија.


Не останала долго во Индија. Се вратила во Белград, ги продала двата стана и ги потрошила сите пари. Пред крајот на животот се преселила во напуштена гаража во предградието на Белград, каде што живеела осамена и напуштена. Набрзо станала бездомник и завршила во белградското прифатилиште за бездомници. Зад себе не оставила ништо материјално, но музичкото наследство кое го оставила никогаш нема да биде заборавено.

Новинарот Душан Весиќ ја напишал нејзината биографија со наслов „Маги, као да је била некад“, а посветен ѝ е и краткометражен музички филм „Анџео за клавијатуром“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг