Се буди „антарктичкото чудовиште“ – научниците предупредуваат: „Постои голем ризик...“

Точка

18/09/2023

20:13

28.922

Големина на фонт

а а а

Научниците предупредиле на промени кои досега во историјата можеби и никогаш не биле забележани.

Сателитските податоци покажале дека мразот којшто го опкружува Антарктикот е далеку под било кое претходно забележано зимско ниво, што е многу загрижувачки доколку се земе предвид дека тоа подрачје е сметано за отпорно на глобалното затоплување.

„Тоа е толку далеку од сѐ и сешто што некогаш сме виделе, речиси е неверојатно“, вели Валтер Мајер, задолжен за следење на нивото на мраз во NASA.


Нестабилниот Антарктик би можел да предизвика големи последици поради тоа што ширењето на мразот на Антарктикот ја регулира топлината, па без сиот тој мраз којшто ја лади планетата, Антарктикот би се претворил во огромен „радијатор“, предупредиле научниците.

Мразот којшто плови на површината на Антарктичкиот океан сега се мери во помалку од 17 милиони квадратни километри, што е 1,5 милиони квадратни километри морски мраз помалку од септемврискиот просек и значително под претходните зимски рекорди. Станува збор за површина околу пет пати поголема од вкупните Британски острови, пренесува „BBC“.

Мислењето на Мајер е дека морскиот мраз нема да се обнови, а научниците предупредуваат дека треба да се обрне особено внимание на топењето на мразот.

Со деловната изолација, екстремниот студ и силните ветрови, овогодишниот тенок морски мраз дополнително ја отежнал работата на неговиот тим.

„Постои ризик да се отцепи и да отплови во морето заедно со нас на него“, вели Роби Малет од Универзитетот во Манитоби.

Дополнителното загревање на планетата би ја нарушило вообичаената улога на Антарктикот, па некои научници се прашуваат дали „чудовиштето Антарктик“ се буди, што би било катастрофа за целиот свет.


Поради тоа што самостојниот континент е опкружен со вода, Антарктикот има сопствен временски и климатски систем. Сѐ до 2016 година морскиот мраз на Антарктикот во текот на зимата се ширел и растел.

Но, во март 2022 година топлотниот бран го погодил источен Антарктик, зголемувајќи ја температурата на -10 степени Целзиусови во доба кога треба да изнесува -50 степени Целзиусови.




Спонзорирани линкови

Маркетинг