(Видео) За љубителите на непознати и необични дестинации: Остров којшто може да го посетите само еднаш годишно – еве и зошто

Точка

01/09/2023

11:46

17.592

Големина на фонт

а а а

На овој остров во половината на 19 век живееле само 30 луѓе, кога целосно бил напуштен поради епидемија на чума.

На него и денес не живее никој, има само птици. Eynhallow е капсула која е заборавена во времето на оддалечените Orkney острови.

Eynhallow е мало островче во Шкотска кое може да го посетите само еднаш годишно. Островот веќе со децении ја распламтува фантазијата и љубопитноста на милиони љубители на непознатите и необични дестинации.

Eynhallow бил напуштен во текот на 19 век по епидемијата на чума и од тогаш останал затворен за светот дури 364 дена во годината. Само еден ден во годината се организира превоз за заинтересираните посетители, а сите останати денови ќе бидете принудени да се снаоѓате доколку сакате да го посетите.

Организирањето превоз освен тој еден ден едноставно не може да биде во текот на другите денови. Основната причина лежи во фактот што овој остров е сместен на удар на силни морски струи, па пловидбите во посебна мера се отежнати, наведува „BBC“.

Единствената атракција која овој остров ја поседува е истоимената црква која датира дури од 12 век, а освен птиците таму нема да сретнете никој друг.


Меѓутоа островот за еколозите е вистински благослов. Уште од евакуацијата на островот во 19 век, тој е преобликуван во важно место за размножување на морските птици. На тоа место опкружено со вода и сурова клима, животот пронашол начин да се развива.

Доколку одлучите да го посетите, времето за патување е резервирано за месец јули секоја година, кога единствениот излет во годината е организиран од страна на локалното здружение „Orkney Heritage Society“.