(Фото) Не заборавајте да си понесете чадор доколку го посетувате најврнежливиот град во Европа: 85 дена по ред имало врнежи од дожд

Точка

04/08/2023

14:48

16.863

Големина на фонт

а а а

Интернет пребарувачот за изнајмување на сместување, „Hholidu“, ги анализирале најврнежливите градови во Европа. Користејќи ги податоците од „World Weather Online“, тие ги рангирале градовите врз основа на просечниот број на врнежливи денови месечно, како и статистиката за просечните дневни врнежи.

Со оглед на тоа дека Берген има просечно 12,7 врнежливи денови месечно и 8,8 милиметри врнежи дневно, „Hholidu“, го прогласиле вториот по големина град во Норвешка за најврнежлив град во Европа.


И не биле единствени кои го направиле тоа. Имено, туристичкиот одбор на градот Берген во своите маркетиншки активности честопати го спомнувале дождот, па дури го ставаат и на разгледниците.

Норвежаните не се плашат од дожд – впрочем, тие не веруваат во лошо време, само во личности која се облекле погрешно.

Напротив, тие ги охрабриле сите заинтересирани да ги посетат без разлика на временската прогноза – од нивните прекрасни паркови и фјордови до интересни музеи и галерии.

Зошто во Берген е толку врнежливо?

Берген има единствена географска положба. Се наоѓа на југозапад од Норвешка на брегот на Северното Море и е опкружен со 7 планини, што го прави чувствителен на долготрајни и обилни врнежи.


Најдолгото континуирано дождливо време во Берген било забележано на крајот од 2006 година и почетокот на 2007 година.

Дождот врнел дури 85 дена по ред – од 29 октомври до 21 јануари. Најдолгиот период на врнежи во летните месеци се случил во 1952 година, кога непрекинато паѓал дожд од 1 до 24 јуни.

Кога да го посетите Берген?

Кога е најдобро време за посета на Берген? Одговорот на ова прашање зависи од тоа какви се вашите планови, но веднаш треба да знаете дека ниту едно годишно време не е особено суво.


Во просек, Берген има најмалку дожд во јуни, а најмногу во октомври. Просечната температура во текот на летото се движи од 9,9 до 20,7 Целзиусови степени – со тоа што јули е најтопол месец.

Во текот на зимата очекувајте силен ветер, малку снег и просечни температури од-0,1 до-4,9 Целзиусови степени.


Доколку ви се пружи прилика да го посетите Берген, искористете ја. И најважно, не заборавајте да понесете чадор.






Спонзорирани линкови

Маркетинг