Кога треба да се пишува за новите OLED телевизори Samsung, одлуката за тоа дали пофалните зборови да се насочат кон естетскиот величествен момент со кој убавината на домот е беспрекорна, или пак кон последниот крик на иновативните технологии вградени во овој телевизор, е навистина тешка.
Но, зошто да не започнеме од тоа какви се импресиите на светските гуруа за телевизори, кои за најновите модели на Samsung OLED TV ги вброија во ултимативните телевизори на денешницата.
OLED TV – вистински game changer
Samsung OLED се карактеризира со неверојатна максимална осветленосt на кој не му недостасуваат длабоки црни или зачудувачки контраст. HD Guru во својата рецензија истакна дека моделот на Samsung S95C има значително зголемена осветленост со задржување на 100% волумен на боите. Home Cinema Choice исто така, го пофали импресивниот квалитет на боите на S95C и му додели ознака „Best Buy“.
Samsung OLED екраните ги задржуваат клучните придобивки од OLED технологијата, надминувајќи ги ограничувања својствени за осветленоста на OLED технологијата со користење 4K Neural Quantum процесор, кој користи вештачка интелигенција за да ја трансформира обичната содржина во неверојатна 4K резолуција. Со 20 специјализирани неврални мрежи, процесорот автоматски го прилагодува осветлувањето, го подобрува контрастот, ги разубавува објектите и ја зголемува резолуцијата за совршен квалитет на сликата. „Моделот од 195 cm (77 инчи) S95C испорачува моќна комбинација на живост на OLED технологијата со квантни точки, прецизност на бојата на референтно ниво и хипербрза репродукција", напиша Sound & Vision, оддаавајќи воедно и признание за посветеноста на Samsung за иновации на долгиот пат до овој телевизор кој целосно ја изразува креативната out of the box намера.
1000 слики – еден збор: Врв!
Квалитетот на сликата на новиот Samsung OLED S90C телевизор од линијата 2023 се одликува со најновата OLED технологија, која обезбедува совршена црна боја и бесконечен сооднос на контраст и поголемо осветлување што создава неверојатна јасност и деталност на сликата на екранот. Длабоките црни, чисти бели и богати, живописи бои ќе ве остават без зборови, додека пак автентичниот екран во боја потврден од Pantone, обезбедува прецизни изрази на 2030 Pantone бои и 110 новосоздадени нијанси на тонови на кожата.
Благодарение на самоосветлените пиксели, OLED S90C телевизорот обезбедува моќна осветленост и подлабок опсег на контраст, што ќе ви овозможи доживување на гледање со вистинска длабочина. Функцијата Real Depth Enhancer ќе ви создаде чувство на длабочина што е исто како гледање во живо, а режимот EyeComfort ќе ги оптимизира осветленоста и боите на екранот по зајдисонце, што ви го олеснува одморот на очите. Ова интелигентно прилагодување на светлината гарантира дека вашите очи нема да бидат напнати за време на ТВ сесиите доцна во ноќта.
Неверојатно реален звук
Освен на квалитетот на сликата, љубителите на OLED телевизорите секогаш внимаваат и на звукот со врвен квалитет, а овој пат Samsung им приреди изненадување со беспрекорен квалитет. За подобро аудио искуство со OLED телевизорите заслужна е технологијата Dolby Atmos, која ќе ви овозможи да се нурнете во звукот на секој детал со неверојатна јасност и длабочина, без разлика колку дејствија се случуваат на екранот. OTS+ (Object Tracking Sound) овозможува звукот да се движи подинамично од кога било додека го следи движењето на објектот на екранот за целосно живописно, тридимензионално аудио искуство. OTS+ е алатка за следење на движења со помош на вештачка интелигенција која ја анализира секоја сцена и при тоа го наоѓа најоптималниот звук. Со звучниците кои го следат движењето низ екранот, можете да доживеете реален 3D звук што ве става во центарот на сцената. Но, квалитетот назвукот не завршува тука. Samsung soundbar звучниците, вклучувајќи ја и врвната Q серија, се резултат на стручна изработка и фино подесување, и се карактеризираат со моќен и импресивен квалитет на звукот, подобрена компатибилност со ТВ уреди и елегантен и модерен дизајн. Функциите за прилагодување на звукот кон просторот се пофалени од корисниците бидејќи го калибрираат звукот за да одговара на акустичните својства на секој простор за уникатно звучно искуство, а пак Home Theater Review платформата ги вброи Samsung HW-Q990C Soundbar звучниците во 2023 Editors’ Choice истакнувајќи дека звучат инзонредно без разлика на тоа за каков тип на содржина спроведуваат звук.
А за дизајнот, потребно ли е да зборуваме?
Samsung OLED телевизорите имаат, едноставно кажано, совршен дизајн. LaserSlim дизајнот е подеднакво импресивен, со елегантен и софистициран изглед што несомнено ќе го направи централно место во домот. Ултратенкиот профил на телевизорот, речиси без рамка, го прави да изгледа како слика што лебди во воздухот. Профилот потсетува на ласерски зрак со што се зголемува функционалноста на овој уред во вашиот дом. Задниот дел на телевизорот е рамен и ненаметлив, дизајниран да биде елегантен додаток во секој ентериер. Samsung OLED нуди естетско и практично решение за хаосот што настанува при поврзување со многу кабли и уреди, преку One Connect Box и One Connect Cable, кои дополнително го разубавуваат просторот.
Најновите Samsung Neo QLED 8K, Neo QLED 4K и OLED телевизори поставуваат нови стандарди за премиум екрани со надградени премиум карактеристики и иновации кои овозможуваат неспоредливо искуство на гледање.
Голем екран - сон за секој дом!
Сега е вистинското време да го разубавите вашиот дом со екран од „многу инчи“. Во тек е промоцијата на Samsung со која добивате специјални поволности и подароци при нарачка на телевизори од сериите на Neo QLED и QLED. Со избирање на модел од 98 инчи од сериите Q80C, QN90A и QN100B, Samsung нуди заштеда до 500 евра, бесплатна испорака и монтажа, како и подарок што вклучува одредени модели на гејмерски монитори Odyssey G95.
Повеќе информации за производите прочитајте на следниве линкови:
https://www.samsung.com/mk/tvs/oled-tv/s95c-77-inch-oled-4k-smart-tv-qe77s95catxxh/
https://www.samsung.com/mk/tvs/oled-tv/s90c-55-inch-qe55s90catxxh/
https://www.samsung.com/mk/audio-devices/soundbar/q990c-black-hw-q990c-en/
https://www.samsung.com/mk/tvs/all-tvs/?neo-qled+uhd-8k
https://www.samsung.com/mk/tvs/all-tvs/?neo-qled+uhd-4k
Комерцијален текст