Нè измамија сите: Филмските парови поради кои верувавме во вистинска и романтична љубов, всушност не се поднесувале меѓусебно откако ќе се изгаснат камерите

Точка

20/06/2023

18:53

4.472

Големина на фонт

а а а

Постојат филмови кои ги паметиме по романсите на главните ликови и кои имаат толку убави и слатки приказни, што тие парови едноставно го претставувале идеалот за вистинска љубов. Меѓутоа, вистината била поинаква. Некои од нив воопшто не се сакале во реалниот живот, дури и имало огромна нетрпеливост меѓу дел од нив.

Затоа, мораме однапред да ви се извиниме и да ве „предупредиме“, пред да продолжите да го читате овој текст, особено ако сте љубител на романтични филмови. Постои „опасност“ да се разочарате од некои прекрасни љубовни приказни.

Џенифер Греј и Патрик Свејзи во „Dirty Dancing“

Додека сте го гледале овој култен филм од 1987 година, едноставно не сте можеле, а да не ги почувствувате љубовните вибрации кои Бејби и Џони ги емитуваа. Сепак, Патрик, кој имал многу возбудлива животна приказна, и Џенифер, воопшто не се поднесувале во реалниот живот.


На ова му претходел уште еден податок. Парот заедно глумеле во филмот „Red Dawn“, пред „Dirty Dancing“. Нивната нетрпеливост започнала уште тогаш, а Џенифер најпрвин сакала да ја одбие улогата во „Dirty Dancing“, но се предомислила. Сепак, за време на самото снимање постоеле многу конфликти и тензии, па поради нивниот лош однос „трпела“ целата филмска екипа.

Харисон Форд и Шон Јанг во „Blade Runner“

Харисон и Шон играле љубовен пар во футуристички Лос Анџелес, во филмот на Ридли Скот од 1982 година. Меѓутоа, во приватниот живот тие биле сè друго освен тоа.


Секоја чест за нивната глума, која престанувала што камерите се гаселе, па тогаш и повеќе и јасно било дека тие двајца биле навистина добри актери. Поради сето ова, филмската екипа нивната љубовна сцена во филмот, ја нарекле „сцена на омраза“.

Анџелина Џоли и Џони Деп во „The Tourist“

Убавата Анџелина и Џони биле романтично поврзани во филмот „The Tourist“, но во реалниот живот и не баш имале трпение еден кон друг. Кога ќе завршело снимањето, Џони секој ден се повлекувал во својата приколка, бидејќи не сакал да поминува време со неа.


Според написите во медиумите, Деп сметал дека Џоли е „полна со себе“. Од друга страна, пак, Анџелина го критикувала дека физички не се подготвувал доволно добро за улогата.

Софија Лорен и Марлон Брандо во „A Countess from Hong Kong“

За време на снимањето на овој филм на Чарли Чаплин, според Софија Лорен, се случила несоодветна ситуација, после која било навистина тешко да се продолжи снимањето со нормален тек. Лорен, во нејзините мемоари „Yesterday, Today, Tomorrow: My Life“, опишала што се случило.


Таа тврдела дека Брандо во еден момент несоодветно ја допрел. „Одеднаш ме притисна во себе. Се свртев и му „дувнав“ во лице како мачка на која некој ѝ направил нешто што не смее и му реков – „Немој да се осмелиш да го повториш тоа. Никогаш повеќе“, навела Софија.

Тони Кертис и Мерилин Монро во „Some Like It Hot“

Кога го прашале Тони како е да се бакнува со Мерилин во овој филм од 1959 година, тој дал сосема неочекуван одговор. „Чувството беше како да го бакнувам Хитлер“.


Доколку го прочитате и прологот, ќе ви биде малку појасно. Имено, тие двајца биле заедно пред да започне снимањето на филмот, но непосредно пред тоа се разделиле. Јасно е дека тоа многу лошо влијаело на нивниот однос на сетот.

Рејчел МекАдамс и Рајан Гослинг во „The Notebook“

Иако многу веродостојно глумеле пар кој бил страсно заљубен, овие двајца актери во реалноста не можеле да се поднесат. Меѓутоа, нивната приказна била малку поинаква. „Можеби не треба да го кажам тоа, но тие навистина не се согласуваа на снимањето“, во една прилика изјавил режисерот на филмот, Ник Касаветес. Рајан Гослинг, дури во еден момент за време на снимањето на сцена во која учествувале околу 150 актери и статисти, го тргнал режисерот на страна и го замолил да му најде друга партнерка, бидејќи не можел да работи со МекАдамс.


На крајот, некако успеале да го завршат филмот, а потоа се случило нешто сосема неочекувано. Старата добра изрека – „Кој се тепа, тој се сака“, се покажала како вистинита. Имено, од големата нетрпеливост се родила љубов. Рајан и Рејчел се впуштиле во романтична врска по снимањето на филмот и останале заедно неколку години.