(Видео) Во ова балканско село владеат жените: Мажите само „климаат“ со главата и го почитуваат нивниот збор

Точка

19/06/2023

22:15

18.960

Големина на фонт

а а а

„Тука владеат жените!“, вели Ригопула Павлидис од зафрленото село на грчкиот остров Карпатос, едно од ретките матријархални општества во Грција. Седејќи на масата од другата страна на собата, нејзиниот сопруг, Јанис, тивко кимнал со главата.

„Тој не може да направи ништо без мене, дури ни да го пополни својот даночен формулар“, кажала Ригопула со насмевка, додека везела традиционална облека во нејзината работилница.


За разлика од другите делови на патријархална Грција, жените во Олимп имале водечка улога во селото.

Изолирано од остатокот од островот, ова спектакуларно село кое се наоѓа на врвот од ридот, ја зачувало оваа вековна традиција која ја преживеала Отоманската империја во 16 век и италијанското владеење во 20 век. До 80-тите години немало ни асфалтиран пат до Олимп.


„Меѓу традициите што преживеале е и системот на наследување од византискиот период, според кој мајчиниот имот да се даде на најстарата ќерка“, изјавил локалниот историчар, Јоргос Кабанакис.

Па така и шивачката Ригопула ги наследила од мајка и 700 дрва маслинки. „Семејствата немаа доволно имот да го поделат меѓу своите деца … А наследството да им го остававме на мажите, тие ќе го расфрлаа“, кажала таа. Грчките жени традиционално се вселувале во домот на својот сопруг по бракот. На Олимп се случувало спротивното. Важноста на жената се гледала и во нивните имиња. „Најстарата ќерка го добивала името по бабата од мајчина страна, за разлика од остатокот во Грција, каде што би била именувана по мајката на таткото“, рекол Кабанакис. „Многу жени сè уште го носат презимето на нивната мајка, наместо презимето на сопругот“, додал тој.


Улогата на жените во Олимп била дополнително зацврстена во 1950-тите, кога мажите од руралните средини започнале да емигрираат поради работа, главно во САД и европските земји, оставајќи ги своите сопруги и ќерки сами да се грижат за семејствата и управуваат со земјоделските имоти.

Немало избор

„Немавме друг избор освен да работиме. Тоа беше единствениот начин да преживееме“, се присетила 67-годишната Ана Ледакис, додека берела артичок во близина на Олимп. Пред неколку години, Ана Ледакис водела таверна на Олимп. Сега таа улога ја наследила нејзината најстара ќерка, Марина. „Не знам дали бевме рани феминистки … Но, сакам да потенцирам дека мажот е глава на семејството, а жената вратот“, изјавила Марина која имала 40 години.


Ќерката на Марина, Ана, имала само 13 години, но знаела дека еден ден ќе ја преземе „диригентската палка“. „Тоа е наследството на мојата баба и гордо ќе се грижам за него“, рекла Ана.

Но, овој „феминистички“ систем на наследство, во прилог им одел само на најстарите деца, изјавил Ален Чаблоз од „Географското друштво“ од Женева, кој ја проучувал оваа тема. „Најмладите синови биле принудени на егзил, додека најмладите ќерки морале да останат на островот, за да помагаат на постарите. На островот се создал еден вид општествена каста“, изјавил тој. „Жените се тие што ја одржуваат традицијата“, рекол Јанис Хацивалис, локален уметник кој ја создал култната статуа на жената од Олимп која гледа кон морето, чекајќи го враќањето на нејзиниот сопруг.


Постарите жени од селото традиционално носеле везени носии составени од цветни престилки, марами и кожни чизми. Ова скапоцено наследство, воедно било и дел од миразот на девојките, додека носиите можат да чинат и до 1.000 евра и потребни биле часови долга работа.


Ирина Хаципапа, 50-годишна пекарка, била најмладата жена од Олимп, која сè уште ја носела оваа носија секој ден. „Ќерка ми ја научив да везе, но освен за празници не носи носии бидејќи не се приспособливи за секојдневниот живот“, кажала таа. 70-годишната мајка на Ирина додала: „Носиите стануваат само празничен фолклор … Нашиот свет исчезнува“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг