Дјук Елингтон Морис е првата мачка која ги исполнила условите да биде дел од „Wag Brigade“, програма во која обучени кучиња (а сега и една мачка) им помагаат на патниците на аеродромот да се ослободат од стресот.
Ваквата програма била отпочната за на патниците да им биде што попријатно патувањето.
На луѓето на кои им е потребна утеха пред летот можеби ќе се чувствуваат подобро откако ќе го видат најновиот регрут на Меѓународниот аеродром во Сан Франциско, 14-годишниот мачор Дјук Елингтон Морис.
Дјук во 2010 година бил пронајден на улица со други мачки и бил доведен на Одделот за нега и контрола на животните во Сан Франциско. Тој се поврзал со 5-годишно девојче кое го посвоило и го охрабрило семејството да го дресира за да добие сертификат како тераписко животно.
„Оттогаш Дјук е сертифициран како животински терапевт, им помага на луѓето да се справат со стресот, болестите и тегобите и става насмевка на нивните лица кога тоа им е најпотребно“, велат од аеродромот.
Дјук има и свој Инстаграм профил на кој може да се види што прави кога не е на својата „работа“ на аеродромот.