11-те најубави љубовни цитати на Милан Кундера на кои секогаш ќе се навраќате: „Водењето љубов со жена и спиењето со жена се две не само различни, туку и речиси контрадикторни страсти“

Точка

26/03/2025

15:44

4.479

Големина на фонт

а а а

Длабочината на размислувањето и филозофските височини се карактеристики на создавањето на еден од најголемите мајстори на пишаниот збор на нашето време. Милан Кундера, чешки писател со француски пасош, ги обработувал темите и ликовите во неговите дела со специфичен стил, а неговите размислувања за највозвишеното човечко чувство се особено длабокоумни.

Милан Кундера, познат писател и дисидент кој немилосрдно ги критикувал тоталитарните режими со своите сатирични критики и иронично ја раскажувал неподносливата леснотија на постоењето, остави длабока трага во светската литература. Љубовта била чест лајтмотив на неговите дела и тема која детално ја анализирал, а овие цитати откриваат како ја доживувал истата.

1. „Водењето љубов со жена и спиењето со жена се две не само различни, туку речиси контрадикторни страсти. Љубовта не се изразува во желбата да се комуницира со некого (оваа желба се јавува во однос на безброј жени), туку во желбата да се дели сонот (оваа желба се јавува во однос само на една).“

(„Неподносливата леснотија на постоењето“)


2. „Немоќна, постојана носталгија го притиснала нејзиното срце. Тоа не била само носталгија за одредена личност, туку и за изгубена можност. И не само поради оваа конкретна прилика, туку за можностите како такви. Чувствувала копнеж за сите можности што ги пропуштила, не ги забележала, избегнала, па дури и оние кои никогаш ги немала.

(„Книга за смеата и за заборавот“)

3. „Жените не бараат згодни мажи. Жените бараат мажи кои имаат убави жени. Затоа грдата љубовница е фатална грешка“.

(„Неподносливата леснотија на постоењето“)

4. „Љубовта е лек против сите зли знаци“. („Бесмртност“)

5. „Флертувањето е ветување интимни односи без никакви гаранции“.

(„Неподносливата леснотија на постоењето“)


6. „Ако љубовта е предодредена да стане незаборавна, шансата мора да одлета кон неа уште од првите моменти“.

(„Неподносливата леснотија на постоењето“)

7. „Никогаш нема да знаеме зошто и како ги нервираме другите луѓе, што нè прави симпатични и забавни; сопствената слика е нашата најголема тајна“. („Личност“)

8. „Нема потреба да прашуваш што е љубов. Или си доживеал љубов или не. Љубовта е љубов и ништо повеќе не може да се каже за тоа. Тоа се крилја кои удираат во моите гради и ме туркаат на постапки кои изгледаат непромислено.“ („Бесмртност“)

9. „Нема ништо потешко од сочувството. Дури и сопствената болка не е толку тешка како болката од симпатијата за некого, болката за некого, болката помножена со фантазијата и продолжена со стотици одекнувања. („Неподносливата леснотија на постоењето“)

10. „Среќата е желбата да се повтори“.


11. „Доколку саканата личност би била постојано присутна, би била, всушност присутна само во нејзината постојана минливост, која може да се запре само во моменти на осаменост.“