[ВИДЕО] Ги прашал припадниците на генерацијата З кој бил Тито – Нивните одговори шокираа многумина

Точка

27/03/2025

14:18

3.468

Големина на фонт

а а а

Јутјуберот Невен Јовановиќ прошетал низ белградските улици прашувајќи ги припадниците на генерацијата З кој бил Тито, а нивните одговори изненадија многумина. Јутјуберот, инаку познат по своите видеа во кои ги прашува младите за некои општопознати факти, проверил колку младите Срби знаат за Јосип Броз Тито.

„Некој сериозен тип, не знам“, „Конзул“, „Убивал луѓе“, „Маршал“, беа дел од одговорите на младите белграѓани. Меѓутоа, еден одговор навистина го шокирал јутјуберот.

„Ах, оној филм Титаник бил базиран на него“

„Не знам, како што слушнав постои некој другар Тито, тој бил како другар, нечиј“, рекла едната девојка, но другата кажала нешто пошокантно.


„Ах, оној филм Титаник бил базиран на него“, рекла таа. Другите изјавиле дека „не учеле историја“, а само еден од анкетираните знаел кој бил Тито.

„Оваа со Титаник треба да добие некаква награда“

Под видеото се редеа коментари, а некои дури се посомневаа дека анкетата била наместена, односно дека вклучувала само одговори од оние кои ништо не знаеле за Тито. И покрај ова, одговорите ги изненадија луѓето.


„Дали овие деца имале историја на училиште?“, „Од ова добив главоболка“, „Се надевам дека ова е лажно“, „Тито, не гледај ваму долу“, „А им се смеевме на Американците дека се необразовани“, „Оваа со Титаник треба да добие некаква награда, но сериозно“ беа само дел од коментарите под видеото.