Кинезите го лансираа првиот електричен автомобил со досег поголем од 1.000 километри

Точка

09/06/2023

20:57

16.983

Големина на фонт

а а а

Кинеската автоиндустрија уште еднаш покажа дека може да се носи со конкуренцијата.

Кај малку познатиот за нас „Zeekr“ имаат нов модел. Атрактивниот „001“ веќе некое време е на пазарот, а сега добил „WE“ изведба со деклариран досег од 1.032 километри според „CLTC“ стандардите. Првиот примерок е претставен пред седиштето на „CATL“ во Кина, што е и очекувано бидејќи во овој модел се вградени новите батерии „CATL 3.0 Quilin“.


Купувачите може да бираат меѓу две конфигурации. Послабата има капацитет од 100 kWh и обезбедува досег од 740 километри со забрзување до 100 км/ч за 6.9 секунди, пишува „CarNewsChina“. Конфигурацијата со поголем капацитет од 140 kWh нуди рекорден досег од споменатите 1.032 километри. Ова воедно е првиот сериски автомобил на светот кој има „Quilin“ батерии, но и првиот со досег поголем од 1.000 километри.


Новата, трета по ред генерација на батерии нуди рекордна складирана густина на енергија од 255 Wh/kg, што е околу 13 проценти подобро во однос батериската ќелија 4680 на „Panasonic“ која се вградува во „Tesla“.


Работите стануваат појасни кога ќе кажеме дека „Zeekr“ е марка под компанијата „Geely“, а која ги поседува и „Volvo“, „Polestar“ и „Lotus“. А најдоброто допрва доаѓа: Изведбата со помала батерија има цена од околу 39.300 евра. Верзијата со досег поголем од илјада километри во Кина чини околу 52.700 евра.


„Zeekr 001"е голем автомобил. Долг е неполни пет метри, широк два и висок 1,56 метри, а растојанието меѓу осовините изнесува малку над три метри. Во изведбата со два мотори располага со 400 kW и 686 Nm, а 100 км/ч достигнува за 3,8 секунди.




Спонзорирани линкови

Маркетинг