Како изгледаат и што прават синовите на Златан Ибрахимовиќ: За нив важи „златното“ правило – Крвта не е вода!

Точка

08/06/2023

10:48

9.047

Големина на фонт

а а а

Златан Ибрахимовиќ одлучил да се пензионира на 41-годишна возраст на врвот на својата кариера, додека својата одлука ја криел дури и од најблиските.

Оваа вест ја шокирала јавноста го зголемила интересот за славниот фудбалер. Многумина се прашуваат кој ќе го наследи Златан, а тој изјавил: „Тешко дека ќе успеете да најдете друг Златан Ибрахимовиќ, барем не со вакво его …“


Сепак, Ибрахимовиќ има двајца наследници, синовите Максимилијан и Винсент, кои веќе тргнале по стапките на својот татко и напорно тренираат фудбал. Овие момчиња, кои многу личат на мајка им, Хелена, пример гледаат во татка си.


Постариот син Максимилијан е роден во 2006 година и е познат по прекарот Макс. Тој верно го придружувал својот татко на сите натпревари и се појавувал со него на трибините на другите спортски настани. Колку се блиски таткото и синот, доказ е и видеото од еден нивен тренинг:



Вториот син на Ибрахимовиќ, Винсент е роден во 2008 година, додека неговите најблиски го нарекувале Винс. За разлика од неговиот брат, тој во јавноста се појавувал многу поретко.



Златан и Хелена од почетокот на нивната врска останале верни на едно правило – јавно не зборуваат за семејството и приватниот живот.



Во продолжение може да погледнете ретки фотографии од семејството Ибрахимовиќ Сегер заедно.











Спонзорирани линкови

Маркетинг