Ребров поставен за нов селектор на Украина пред мечот со Македонија

Макфакс

07/06/2023

16:49

1.255

Големина на фонт

а а а

Украинската фудбалска федерација потврди дека поранешниот напаѓач Серхиј Ребров е нов селектор до крајот на 2026 година, преземајќи го кормилото на репрезентацијата од привремениот селектор, Руслан Ротан.

Ротан беше поставен на позицијата во февруари по истекот на договорот на претходниот селектор Олександер Петраков, и во првиот меч од квалификациите за Еуро 2024, Украина загуби со 2:0 од Англија. Украина во понеделник игра пријателски меч со Германија, по што на 16 јуни гостува во Скопје во второто коло од квалификациите.

49-годишниот Ребров стана славен како партнер во нападот на Андриј Шевченко во славната генерација на Динамо Киев во 1990-тите. Тој потоа играше и за Тотенхем, Фенербахче и Вест хем пред да се врати во Динамо, каде што ја заврши кариерата во 2009 година. Во 2004 тој стана тренер на Динамо, по што помина и три сезони во унгарскиот Ференцварош од 2018 до 2021.



Спонзорирани линкови

Маркетинг