Ремек-делото од вистински агол: Топката доби импресивна траекторија по ударот на Антони

Дерби

09/05/2025

12:14

284

Големина на фонт

а а а

Антони со блескави изданија се погрижи неговата кариера да доживеа преродба како член на Бетис, а после низа магични претстави, се чини дека синоќа ги доживеа најемотивните момент.

За првпат во својата 117-годишна историја, Бетис ќе биде дел од едно европско финале, па тоа сценарио го натера Антони да плаче како мало дете по последниот судиски свиреж во Фиренца.

Бразилецот заврши фантастична работа на теренот со неверојатен гол од слободен удар и асистенција до Ез Абде при акцијата за 2:2, а во моменти кога буквално се му оди како што треба на фудбалскиот терен, Антони се потсети и на тешките и мрачни моменти кои ги имаше во Манчестер Јунајтед.

– Ова е посебен момент, за мене и моето семејство. Сите мои блиски знаат низ што минавме за да дојдеме до тука. Плачев многу, плачев заедно со мојата мајка, со мојата сопруга, со мојата сестра, со мојот брат. Минавме многу тешки моменти, но сега плачам од среќа. Тука живеан сон и благодарен сум му на Бога што ми овозможи такво нешто, – изјави Антони.

Ремек-делото во Фиренца беше осмиот гол кој го постигна откако го засили Бетис, а истиот стана вирален на социјалните мрежи и поради видеото од трибините на кое најдобро се гледа каква траекторија доби топката пред да заврши во дирекот, а потоа и во мрежата на Де Хеа.