Тејт обвинет за силување: „Ме гушеше додека не се онесвестив, а потоа продолжи...“

Точка

07/06/2023

14:28

4.677

Големина на фонт

а а а

Британка го обвинила контроверзниот инфлуенсер Ендру Тејт за силување и закани. Таа тврдела дека пред 9 години Тејт ја гушел за време на сексуалниот однос, сè додека не изгубила свест.

Жената навела дека Тејт продолжил со половиот однос и покрај тоа што таа била во несвест, пишувале „Би-Би-Си“. Жената, која во тоа време имала 20 години, изјавила дека првпат го запознала Тејт на социјалните мрежи во 2014 година. Рекла дека се согласила да има сексуален однос со инфлуенсерот, но дека чинот набрзо преминал во насилство.


Тејт ги негирал обвинувањата, а неговиот портпарол изјавил дека Тејт не одобрувал насилство врз жените, во ниту еден облик и дека сите сексуални дејствија во кои тој учествувал биле консензуални.


„Ми ја стави раката на вратот и почна да ме гуши“

Британката за „Би-Би-Си“ изјавила дека го сретнала Тејт во бар во Лутон во 2014 година, кога била студентка, а тој вратар во ноќен клуб. Таа кажала дека тие веќе претходно имале односи пред тој да почне да ја дави. „Ми ја стави раката на вратот и ме гушеше. На почетокот ми беше малку збунувачки, а кога дојдов при себеси, видов дека тој сè уште има секс со мене“, рекла Британката и додала дека Тејт ѝ се заканувал со убиство, додека следното утро не го напуштил нејзиниот стан“. „Постојано велеше: „Јас те поседувам, ти ми припаѓаш“. Цела вечер беше прилично агресивен и кажуваше ужасни работи. Следниот дел белката на едното око ми беше потполно поцрвенета“, рекла 30-годишната жена.


„Во тоа време не го гледав тоа како силување“

Тогаш таа не го пријавила инцидентот во полиција. На прашањето на „Би-Би-Си“, зошто веднаш не била во полиција за да го пријави силувањето, таа одговорила дека тогаш не знаела дека била жртва на кривично дело. „Знаев дека се случи нешто на кое не се согласив. Но, не гледав на тоа како силување или сексуален напад, бидејќи тоа беше пред околу 10 години“, изјавила таа.


Британката, исто така и нагласила дека ќе го тужи Тејт.




Спонзорирани линкови

Маркетинг