Критиките не допираат до оваа поп ѕвезда: Селена Гомез позирала во бикини, додека фановите биле „загрижени“ околу нејзините килограми!

Точка

06/06/2023

23:29

7.183

Големина на фонт

а а а

Селена Гомез повеќе пати била на мета на критичарите поради нејзиниот изглед, односно тежина. Неодамна била објавена фотографија на која пејачката била во бикини, а многумина ја искоментирале нејзината тежина.

Сепак, пејачката објаснила зошто има проблем со вишокот килограми и истакнала дека не се срами од тоа. „Кога го земам лекот, обично задржувам голема количина на вода во телото, што е многу нормално. Кога ќе престанам да го земам, мојата тежина се регулира“, изјавила таа.




Селена им порачала на своите фанови дека никој не треба да се срами од нивниот изглед или состојбата во која се наоѓа. „Само сакам да знаете дека сте убави такви какви што сте. Сигурно постојат денови кога не се чувствувате најдобро, но поважно е да останете здрави и да се грижите за себеси“, рекла таа.



Таа кажала дека лекот против нејзината болест е важен и верува дека ѝ помагал. „Ве сакам сите и ви благодарам за поддршката и разбирањето. Доколку не ме разбирате, само игнорирајте го и напуштете овој профил, бидејќи искрено не верувам во потсмевањето на луѓето поради нивното тело или што било друго. Воопшто не го поддржувам тоа“, додала таа.




За потсетување, Селена неколку пати ги напуштала социјалните мрежи, како би го зачувала своето ментално здравје.




Спонзорирани линкови

Маркетинг