Шварценегер се извини за половото вознемирување: Немам изговор, погрешив

Точка

05/06/2023

23:09

5.705

Големина на фонт

а а а

Во документарната серија на „Netflix“, „Arnold“, актерот и поранешен гувернер на Калифорнија Арнолд Шварценегер раскажал се за половото вознемирување на жените во минатото.

Пет дена пред изборите за гувернер во Калифорнија во 2003-та година, „LA Times“ објави извештај во кој шест жени го обвиниле Шварценегер дека ги допирал без дозвола и ги понижувал. Актерот во тоа време тврдел дека извештаите се измислени и дека тој никогаш никого не зграбил, иако признал дека понекогаш „лошо се однесувал“ во минатото.

„Мојата реакција на почетокот беше одбранбена. Денес можам тоа реално да го согледам. Ако станува збор за деновите на „Muscle Beach“ пред 40 години, тоа беше погрешно. Тоа беше с*ање. Заборавете на сите изговори, тоа беше погрешно“, рекол Шварценегер во триделната документарна серија на „Netflix“, пишува „Rolling Stone“.


И покрај обвиненијата, Шварценегер сепак победил на изборите. Истрагата на „LA Times“ на крајот не влијаела на анкетите, па дури ни на актерската кариера на Шварценегер.


„Лично ме изненади дека тоа немаше големо влијание на изборите. Мислев дека повеќе луѓе ќе се навредат. Кога Шварценегер објави дека се кандидира за гувернер, персоналот на „LA Times“, веднаш почна да ги истражува приказните кои ги слушавме со години, но никој не ги истражи во целост. Имавме одвај шест недели за работа на ова и почнавме да разговараме со жените“, вели во документарецот репортерката на „Los Angeles Times“ Карла Хол.


Документарецот „Arnold“ излегува како продолжение на акционо-комичната серија „Fubar“ на Шварценегер, која го означи враќањето во главните улоги за акционата икона. „Arnold“ на „Netflix“ пристигнува на 7-ми јуни, додека „Fubar“ е веќе достапен на стриминг сервисот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг