Oстра критика на пејачката: Дуа Липа ги нарекла „малоумни“ коментарите на британските министри за Албанците!

Точка

05/06/2023

22:39

5.572

Големина на фонт

а а а

Дуа Липа ги критикувала британските министри за начинот на кој зборуваат за Албанците, а нивните коментари ги опишала како „кратковидни и малоумни“. Пејачката изјавила дека била повредена од начинот на кој британската влада разговарала за Албанците и повикала на „повеќе емпатија“.

Министерката за внатрешни работи на Велика Британија ги коментирала „албанските криминалци“, притоа говорејќи како дошло до „инвазија“ од имигранти на Англија во дебатата за преминување со мали бродови преку Ла Манш.


„Секако дека болеше. Сите тие зборови за имигрантите? Отсекогаш мислев дека Лондон е мешавина на култури. Тоа се составен дел на градот. Затоа кога ќе ја слушнете владата како зборува за Албанците, боли. Тоа е кратковидно и малоумно, но така размислуваат многу луѓе“, изјавила Дуа Липа за „Sunday Times“.


„Без оглед на тоа колку и да се обидуваме да ја смениме реториката, секогаш ќе има такви кои мислат: „Имигрантите доаѓаат во земјава и веднаш се вработуваат“. Сепак, имигрантите кои се дојдени овде заработувале за живот со неверојатно напорна работа.


Треба да имате повеќе емпатија, бидејќи луѓето не ја напуштаат својата земја освен ако не мораат, од страв за своето семејство и подобар живот, на пример“, додала Липа.


За потсетување, родителите на популарната пејачка околу 1992 година ја напуштиле територијата на Косово и Метохија и се преселиле во Лондон.




Спонзорирани линкови

Маркетинг