„И натаму ја сакам“ – ни Џенифер ни Анџелина: Заборавената љубов на славниот актер која му останала во најубаво сеќавање

Точка

05/06/2023

10:43

9.626

Големина на фонт

а а а

Актерот Бред Пит е еден од најголемите заводници во Холивуд, а токму тој се забавувал со многу од ѕвездите. Најпознати секако се неговите поранешни сопруги Џенифер Анистон со која бил пет години во брак и Анџелина Џоли со која исто така поминал пет години брак.

Сепак, „една од најубавите врски“ која ја имал е со некој кого „сè уште го сака“.

Својата поранешна девојка Џулиет Луис, Бред Пит ја запознал на снимањето на филмот „Too Young to die“ во 1990 година.

Кога се запознале, Џулиет имала само 17 години, а Бред 27, но веднаш се вљубиле еден во друг и станале еден од најзгодните парови во Холивуд, пишува „Mirror“.

Тие во врска биле три години, а потоа во 1993 година раскинале.


И додека Џулиет подоцна изјавила дека „Бред воопшто не е во нејзиниот универзум моментално“, Бред со задоволство се присетил на својата поранешна девојка и „прекрасното време кое го поминале заедно“.

„И натаму ја сакам таа жена. Генијална е. Лудо си поминавме заедно. Тоа беше една од најдобрите врски некогаш“, признал Бред своевремено во едно интервју.

„Беше тоа една од најдобрите врски во која некогаш сум бил. Проблемот е тоа што растеме со оваа визија дека љубовта победува сè, а тоа едноставно не е така, зар не?“, признал актерот за „Vanity Fair“.

Кога во 1993 година Бред и Џулиет глумеле заедно во уште еден филм, актерката признала дека Бред Пит ѝ се допаднал како актер пред да почнат да се забавуваат.


„Се запознавме на снимање на филм и почнавме да се забавуваме кога снимањето заврши. Веќе ми се допадна како актер, покрај тоа мораш да почитуваш некој којшто е во истата област како и ти“, изјавила таа за „Los Angeles Times“.

„Ние на момент сме заљубени, каде едноставно сакаме да се гледаме секој ден и не ни е здодевно еден со друг, така е навистина, навистина е убаво“, признала таа и додала:


„Исто така можеме да бидеме еден со друг додека работиме, разговараме и соработуваме. Сакаме да работиме заедно одново и одново“.

Години подоцна, Џулиет повторно ја отворила душата за Бред Пит каде за „Guardian“ признала:

„Изгледаше како врска од средно училиште затоа што тој сега е многу позната личност. Ја гледам личноста со која споделив малку историја. Се надевам дека ќе најде среќа затоа што искрено го сакав. Тој е многу постојан, добро момче“, изјавила актерката тогаш.


Подоцна во 2009 година Џулиет признала дека единствената причина зошто луѓето ѝ приоѓаат поради него е поради неговиот холивудски статус:

„Луѓето ме прашуваат за него само затоа што е познат. Не прашуваат многу за мојот поранешен сопруг, што е значително подолга врска затоа што бев во брак“, изјавила таа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг