За сите носталгичари на 80-тите: „Касио“ го претставиле часовникот „Stranger Things“ кој нè враќа во некои поинакви времиња!

Точка

03/06/2023

14:15

17.193

Големина на фонт

а а а

Неверојатно популарната серија на Нетфликс, „Stranger Things“, ја освоила публиката, а многумина ги направила носталгични и за 80-тите.

„Касио“, пак, одлучиле да ги донесат 80-тите поблиску до нас, овојпат во вид на часовник и така го претставија новиот „Casio A120WEST“, инспириран токму од таа хит-серија.


„Касио“ го нарекол „љубовното писмо до класиците од 80-тите кои освоиле генерации“. Ако сте поседувале часовник „Касио“ од таа генерација, овој модел може да ве потсети на нив. Всушност, „Касио“, велат дека нивните часовници од таа епоха биле инспирација за овој часовник. Од компанијата изјавиле дека бројчаникот на часовникот го прикажува светот на „Stranger Things“ и неговите ликови.

Постои Демогоргон кој се појавува во самиот центар на часовникот, под екранот, а има и забавен елемент – со притискање на копчето „LED светло“ се прикажува името на серијата напишано наопаку. На задната страна на часовникот ќе го најдете логото на „Stranger Things“, како и сите вообичаени детали, како и логото кое покажува дека „A120WEST“ e водоотпорен.

Ќе биде лансиран на глобално ниво

„Касио“ велат дека бил оценет за „секојдневна употреба“, така што пливањето со него можеби не е препорачливо. Техничките детали го вклучуваат фактот дека часовникот има и куќиште и ременче од смола. Карактеристиките вклучуваат: стоперица, дневен аларм, автоматски календар и позадинско осветлување.


Што се однесува до траењето на батеријата, резервите „CR1616“, наводно, ќе го одржуваат овој „Касио“ на тема „Sranger Things“ околу 3 години, што е солидно.



Според странските медиуми, оваа специјална соработка помеѓу Нетфликс и „Касио“ ќе биде пуштена во продажба во јуни, а се очекува и светско лансирање. Цената засега не е позната, но странските медиуми пишуваат за цена од 87 долари (81 евро). Повеќе за часовникот можете да видите овде.