(Фото) Нов „Yaris“: Еден од најпопуларните мали автомобили добил низа новости

Точка

03/06/2023

09:54

16.324

Големина на фонт

а а а

Верувале или не, „Toyota Yaris“ е на пазарот цели 25 години, а досега се продадени повеќе од 10 милиони примероци.

На сцена е четвртата генерација која сега е темелно обновена, а се за да го задржи високиот ритам на продажба на европскиот пазар. Освен подобрената безбедност, автомобилот добил унапреден „инфотеинмент“, но и нови хибридни опции.


Најголемата новост е всушност „Hybrid 130“ изведбата со уште помоќен хибриден погон. И овој има основа во 1.5 бензинец, но има вграден помоќен електромотор и нов софтвер. Комбинираната испорака вклучува максимални 130 коњски сили, но и драстичен скок на вртежниот момент од 141 на 185 Nm.


Во „Toyota“ порачуваат дека тоа најмногу се чувствува во претекнувањето, кога меѓузабрзувањето од 80 до 120 км/ч трае 7,5 секунди. Забрзувањето до 100 км/ч е скратено за половина секунда, на 9,2 секунди. Притоа хибридната изведба се нуди во пакети со опрема „GR Sport“ и „Premiere Edition“, а тоа вклучува уникатна Нептун сина нијанса со црн кров, 17-инчни бандажи и сини детали во кабината.


Подобрената безбедност вклучува понапреден состав за детекција на опасни ситуации кои сега покрај автомобили, пешаци и велосипедисти, препознава и мотоциклисти. Унапредени се и други состави за асистенција.


Пристигна и новиот „инфотеинмент“, сега со дигитален прилагодлив кокпит и различни големини на екран.

Обновениот „Yaris“ веќе во јуни ќе биде достапен за нарачување.




Спонзорирани линкови

Маркетинг