Враќање на култната Саманта: Ким Катрал сепак ќе се појави во новата сезона на продолжението на „Sex and the City“

Точка

01/06/2023

14:57

3.581

Големина на фонт

а а а

Ким Катрал ќе ја повтори својата култна улога на Саманта Џоунс во финалето на втората сезона од серијата „And Just Like That“, продолжение на култната серија „Sex and the City“.

Сепак, таа ќе се појави само во една сцена.

Многумина ги изненади веста за нејзиното враќање земајќи предвид дека обожавателите на серијата знаат дека постои тензија помеѓу Катрал и нејзините колешки, што објаснува уште еден детаљ кој „Variety“ го пренесува: таа ја снимила својата сцена без никаков контакт со другите актерки во серијата.

Катрал го снимила својот дијалог на 22-ри март во Њујорк, а костимографката Патриша Филд, која дури не ни работела на ова продолжение, ја облекла актерката за оваа сцена.

Во сцената, Саманта, која во серијата е преселена во Лондон, ќе има телефонски разговор со Кери Бредшо која ја глуми Сара Џесика Паркер. Во првата сезона Кери остварува контакт со отуѓената Саманта преку пораки, а во финалето на сезоната тие две прават план да се видат за да се смират.

Исто така, „Variety“ пренесува дека нејзиното појавување во серијата нема да биде продолжение на споменатиот лик.


Во 2016 година, Катрал објави дека завршила со толкувањето на ликот на Саманта Џоунс кога го прочитала сценариото за третиот филм „Sex and the City“ и не ѝ се допаднала насоката во која се движи ликот.

Сепак, обожавателите сигурно ќе ги израдува ова враќање на Саманта, чија улога ја одбележа серијата која на „HBO“ се прикажуваше во 6 сезони, од 1998 до 2004 година и доведе до два филма.



Спонзорирани линкови

Маркетинг