(Видео) Ќе ве освои на прво слушање – „Брои до 3“ на рок составот „Fiction“ е песната која долго ќе ви се врти во глава

Точка

01/06/2023

13:00

3.549

Големина на фонт

а а а

Скопскиот рок состав „Fiction“ составен од млади и перспективни музичари веќе неколку години наназад ја оправдува својата доверба кај јавноста со музиката која ја создава.

Овојпат тие пред публиката претставија ново музичко парче чиј ритам ќе ве освои на прво слушање – „Брои до 3“ е песната која со сигурност ќе ви се врти во главата наредниов период.

Песната е создадена и снимена во период април – мај 2023 година, а истата продолжува да го негува алтернативниот рок звук до којшто се држи бендот, но овојпат збогатен со фанк и фјужн влијанија.

Кога сме кај музиката на оваа „заразна“ песна таа е создадена од Виктор Захариев којшто воедно е и гитарист во бендот, додека за микс и мастер задолжен е Раде Биковски.

Освен тапаните кои се снимени во студиото „Подрумот“ на Ангел Ќосев, песната е во целосна продукција на бендот.

Спотот којшто е навистина интересно-необичен и кој го задржува вниманието на слушателите исто така е во целосна продукција на бендот.


„Fiction“ го сочинуваат:

- Петар Ѓуревски – вокал;
- Виктор Захариев – гитара, вокал;
- Филип Андонов – бас гитара;
- Теодор Теодосиевски – тапани.




Спонзорирани линкови

Маркетинг