Едипов комплекс - На 48 години живее со мајка му која е позната како „свекрвата од пеколот“: Заведувал само убавици, за на крај да се „ожени“ со таа што го родила!

Точка

31/05/2023

23:34

11.227

Големина на фонт

а а а

Бредли Купер отсекогаш важел за еден од најпосакуваните актери, кој покрај себеси ги имал најубавите жени. Неговата животна приказна наликува на филмско сценарио, а и покрај „етикетата“ на голем заводник, тој немал среќа во љубовта.

Имено, многу се прашувале еден маж како што е тој не успеал да задржи ниту една жена покрај себеси, како и тоа зошто во 5 деценија од животот сè уште живее со својата мајка, која според многумина го „диригира“ неговиот живот. Актерот бил неразделен со својата мајка Глорија, со кој често се појавувал на важни настани.


Освен длабоката меѓусебна поврзаност, една од причините која го натерала актерот да живее со мајка си и на 48 години, била и смртта на неговиот татко, која и двајцата тешко ја поднеле. Имено, Глорија била скршена од загубата на сопругот, па нејзиниот син ја замолил да се пресели во неговиот дом во Лос Анџелес, каде што останала до денес.


„И токму сега, две години по смртта на татко ми, ние сме тука. Моето семејство е многу блиско, а смртта на татко ми беше брутална за сите нас. Не потресе сите и не закрепнавме целосно. Затоа и си требаме еден на друг. Па еве сме“, изјавил актерот во една прилика.

Краткотрајниот брак со Џенифер Еспосито

Во 2006 година, актерот за првпат стапил во брачните води, а на „лудиот камен“ застанал со актерката Џенифер Еспосито. Нивниот брак завршил многу брзо. Имено, тие се развеле после 6 месеци, во мај 2007 година. Кога актерот го прашале за неговиот краток брак, тој одговорил дека сè се случило пребрзо. „Тоа беше нешто што едноставно се случи. Добро е што и двајцата го сфативме … Понекогаш едноставно сфаќаш“, заклучил Бредли во едно интервју.


Сепак, Џенифер не мислела дела сè поминало така едноставно и нема воопшто убави зборови за бившиот сопруг. „Требаше да ги забележам „црвените знаменца“ на почетокот. Всушност, тоа беше повеќе како цел одред со црвени знамиња, но ги игнорирав затоа што, искрено, не мислев дека врската оди некаде“, напишала актерката во својата автобиографија „The Jennifer Way“, не наведувајќи го Бредли, но сите веруваат дека таа пишувала за него.

Мајката виновник за неуспешните врски?

Долго се шпекулирало дека неговите врски со манекенката Зои Саланду и Суки Ватерхаус пропаднале, бидејќи неговата мајка се преселила во вилата каде што тој живеел. Со Суки бил во бурна врска до 2015 година, а потоа започнал да се гледа со Ирина Шајк.

Суки еднаш открила дека по раскинувањето со Купер долго време била во депресија, но тоа им го препишува на „лудите дваесетти“.


Имено, според американскиот магазин „The National Enquirer“, мајката на Бредли, Глорија, „полудела“ кога разбрала дека нејзиниот син планирал да се ожени со Суки Ватерхаус. „Се надевам дека планираш мала венчавка, бидејќи јас дефинитивно нема да дојдам“, му рекла Глорија на синот. Извор близок до магазинот потврдил дека Бредли многу го растажило тоа, бидејќи навистина се грижел за мислењето на мајка му, а бил лудо вљубен и во Суки. Мајката на Бредли била против овој брак, бидејќи мислела дека Суки не е добра за него.

Фаталната љубов со најубавата Русинка

Бредли и Ирина започнале врска во 2015 година, а љубовта ја крунисале со ќерката Леа. Нивната љубов минала низ многу турбуленции, а по раскинувањето постојано се шпекулирало за нивното смирување, бидејќи повеќе пати биле забележани заедно. Се зборувало дека причина за нивната разделба е, ни помалку ни повеќе, неговата мајка.


Уште на почетокот од неговите љубовни врски, мајка му ги запознавала избраничките и го кажувала своето мислење за нив, што за актерот било многу важно. Познато е и тоа дека Купер се јавувал на мајка си неколку пати на ден, а за многумина е несфатливо што тој ја носел бурмата на татко му, кој починал о 2011 година. Затоа често може да се прочита како се „оженил“ со својата мајка и дека е „класичен пример на Едип“.

Се пишувало и за неговата афера со пејачката Лејди Гага, но не постои жена која би можела да го задржи покрај себе.


Актерот се посветил целосно на мајка си, а единствената женска личност која успеала да ја симне Глорија од тронот е неговата ќерка, Леа, со која често го поминувал слободното време.