(Видео) Што зборуваше Илон Маск за кинеските автомобили во 2011-та, а што зборува денес?

Точка

30/05/2023

20:11

13.137

Големина на фонт

а а а

Како што многумина претпоставуваа, кинеската автомобилска индустрија драстично напредуваше во последните десет години и ја стигна конкуренцијата од Западот, а во некои случаи и ја престигна.

Некогаш кинеската авто-индустрија беше предмет на потсмев. Традиционалните произведувачи воопшто ги сфаќале сериозно, а уште помалку како можен ривал.

Заслепени од својата технолошка и дизајнерска супериорност, реагирале дури кога кинески произведувач го копирал нивниот дизајн. Го сметале за срам и навреда за брендот тоа што некои кинески автомобили изгледаат како нивниот.

Денеска работите се сосема поинакви, а кинеските брендови се подготвени не само да ги следат актуелните трендови, туку и да ги поставуваат. Меѓу нив посебно се издвојува „BYD“, кој успешно ги пласира своите производи на европскиот пазар, пишува „Index“.


Колку напредувале Кинезите најдобро покажува примерот со првиот човек на „Tesla“, Илон Маск. Кинеските производи одлично ги запознал кон крајот на 2019-та година, кога ја отвори гигафабриката на Тесла во Шангај.

Тогаш пофално се изразил за некои кинески произведувачи и рекол:

„Тие работат најмногу и работат најпаметно. И ако би требало да погодувам, веројатно некоја компанија од Кина ќе биде втора зад Тесла“.

Веројатно мислел на „BYD“, „Nio“, „XPeng“, кои веќе се докажел.


А сега да се вратиме на 2011-та година и интервјуто кое Маск го дал за Блумберг. Тогаш на можноста за конкуренција, посебно од „BYD“, реагирал со насмевка и краток коментар:

„Сте ги виделе ли нивните автомобили“.

Судејќи по се, дури ни Маск не верувал дека кинеската авто-индустрија ќе напредува толку брзо.

Тој сега се поправил и рекол:

„Тоа беше пред многу години. Нивните автомобили се многу конкурентни“.

Доволно предупредување за сите оние кои сè уште се пред кинеските произведувачи. А такви секој ден има се помалку.



Спонзорирани линкови

Маркетинг