(Видео) Гледачите на британската утринска програма останале шокирани: Жена се појавила гола во студиото во одбрана на нудистите

Точка

30/05/2023

17:01

5.685

Големина на фонт

а а а

Гостувањето на Хелен Бериман во утринската програма „Good Morning Britain“ запрепасти голем број гледачи бидејќи таа во студиото седела целосно гола.

Во последните недели, градските власти во Лондон добиле голем број жалби бидејќи се зголемува бројот на граѓаните кои се сончаат голи во парковите. По тој повод, уредниците на споменатата емисија ја повикале Хелен за да учествува во дебата. Таа во утринската програма се појавила гола и ги прашала присутните од кога сончањето е забрането.

„Од сите можни нешта кои се случуваат во светот, сончањето во паркови е илегално. Дали мирното сончање во скриен агол од паркот е толкав проблем? Не постои ништо поважно од тоа?“, прашала Хелен.

Како што пренесува „Lad Bible“, сончањето без костим за капење не е противзаконско сè додека не ги вознемирувате другите.

Во студиото со Хелен се наоѓал и водителот Ник Ед кој истакнал дека разбира зошто нудистите за некои луѓе се навредливи.

„Мене ми пречи. Единственото нешто што сакам да го гледам во парк се зеленилото и птиците. Имам проблем со вашето однесување бидејќи е себично. Светот не се врти околу вас и вашите потреби да ги охрабрувате луѓето да го прифатат своето тело. Го разбирам движењето за позитивен однос кон телото, но не земате предвид дека некои луѓе ги вознемирува тоа“, изјавил Ник.

Хелен на тоа кратко одговорила дека тоа е само тело. Нејзиното гостување предизвика бурна дебата на Твитер, каде бројни корисници коментирале дека останале шокирани кога виделе гола жена во студиото.



Спонзорирани линкови

Маркетинг