Една мајка го напуштила своето бебе веднаш штом се родило, бидејќи мислела дека е грдо. Цел живот се борел, а наеднаш се случил пресврт.
Џонатан Ланкастер има многу тажна животна приказна, а родителите го отфрлиле веднаш по раѓањето. Така станал едно од ретките деца за чие раѓање родителите не се израдувале. Бил стар само 36 часа кога родителите го напуштиле, само затоа што им бил „ужасно“ грд. Неговата мајка го видела бебето само еднаш за време на породувањето, пред во солзи да го напушти породилиштето, оставајќи зад себе дете кое е родено со Тречер Колинс синдром. Оваа болест се јавува кај едно од 50.000 бебиња, а влијае на развојот на коските и ткивата.
„Моите родени родители беа ужаснати од мојот изглед“, изјавил Џонатан. Болеста уште од самото раѓање му нанела големи проблеми, а додека растел бил отфрлен од своите врсници. Израснал во згрижувачки семејства и во сиропиталиште, а потоа бил посвоен од една жена.
Сепак, на момчето не му било лесно да се прифати себеси, бидејќи неговите родители не го прифатиле, а потоа ниту целата околина. „Немам јаболчници, па очите ми изгледаат такви какви што се“, рекол Џонатан и додал: „Како созревав и луѓето почнаа да влегуваат во врски, тоа мене не ми се случуваше и тогаш развив аверзија кон сопственото лице“.
Несреќното момче се обидувало да стапи во контакт со родителите кои го отфрлиле, а потоа по којзнае кој пат повторно го „удрила“ реалноста. „Неколку недели подоцна добив писмо во кое само пишуваше: „Не сакаме никаков контакт. Понатамошните обиди ќе бидат игнорирани“. „И двајцата потпишале“, рекол и додал: „Повторно отфрлен од нив двајца, навистина болеше“.
Децата го задевале на училиште, велејќи му дека е единствениот без родители и дека е грд. Му требало многу сила за да се справи со тоа и да продолжи понатаму.
Ланкастер ја основал фондацијата „Love me love my face“, која ги поддржува и ја подига свеста за оние кои живеат со краниофацијални деформитети. Тој станал и голем поддржувач на оние кои минуваат низ слични ситуации како и самиот тој, а напишал и книга. „Се работи за хероите кои ги запознав во мојот живот и како на крајот станав својот најголем херој“, раскажал за својата книга.
Овој неверојатен човек си создал прекрасен живот – стекнал голем број пријатели кои тврдат како секогаш бил подготвен да помогне во тешките животни периоди.
Својата сродна душа Џонатан ја пронашол во најдобрата пријателка, со која се оженил и која му родила две деца – син и ќерка. Синот бил потполно здрав, додека за жал, второто бебе се родило со истата болест која ја има и тој. Сепак, родителите се сигурни дека детето ќе има среќен и долг живот, бидејќи секогаш ќе бидат покрај него.