Познатата водителка Лила Филиповска реши да ја отвори сезоната на летување и да замине на одмор за да ги „наполни“ батериите.
Таа во изминатите неколку дена претстојува во познатото летувалиште Бодрум во Турција, од каде ги споделува своите активности со нејзините следбеници.
Водителката на речиси сите фотографии и видеа од Бодрум е во костим за капење и може да се забележи дека изгледа одлично и е во топ-форма.
А од приложените објави може да констатираме дека Лила ужива на овој прв одмор за оваа летна сезона.
Погледнете: